Македонија
Пијана жена не сакала да плати патарина и изела ќотек
Општа тепачка се случи рано утрото на наплатниот пункт на автопатот Тетово-Гостивар, кога три пијани лица одбиле да платат патарина, а потоа
Општа тепачка се случи рано утрото на наплатниот пункт на автопатот Тетово-Гостивар, кога три пијани лица одбиле да платат патарина, а потоа биле нападнати од други нервозни возачи.
Како што соопшти полицијата, М.П. од Скопје под дејство на алкохол управувајќи возило „сузуки свифт„, во кое како сопатници се превезувале М.Д.(31) и В.Х.-Н. (31), физички го нападнала вработениот на патарината, прскајќи го со спреј.
Во меѓувреме на патарината се направила подолга колона од возила и од „бмв„ со странски таблички излегле три лица и едно од нив ја предупредило сопатничката да го тргне возилото.
Откако таа одбила лицето го скршило прозорското стакло и физички ја нападнало М.Д. нанесувајќи и повреди на главата, додека другите две лица ја нападнале В.Х.-Н. нанесувајќи и повреди во главата и телото.
По ова, лицата влегле во возилото и заминале во правец на Скопје. При приведувањето М.П., М.Д. и В.Х.-Н. физички ги нападнале и полицајците, нанесувајќи им видливи повреди./крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

