Македонија
Расте бројот на сообраќајни несреќи со жртви
Вкупно 1895 сообраќајни несреќи во кои загинале 61 лице и биле повредени 2873 луѓе се случиле во првата половина од оваа година во Македонија
Вкупно 1895 сообраќајни несреќи во кои загинале 61 лице и биле повредени 2873 луѓе се случиле во првата половина од оваа година во Македонија.
Ова денеска го соопшти министерството за внатрешни работи, додавајќи дека бројот на сообраќајните несреќи со загинати и повредени лица во однос на првата половина од минатата година е зголемена за 11,7 проценти, бројот на загинатите за 8,9 проценти, а на повредените за 10,7 насто.
Најмногу несреќи се случиле во населените места, а најбројни се меѓусебните судири на возила во движење, па следуваат удар на возило до пешаци, излетување на возила од пат и удар со возило во објекти покрај патот.
Најмногу несреќи се случиле во мај (425), а според деновите најцрни се вторниците со 297 незгоди и петоците со 291. Најмногу незгоди се случуваат попладне (780), а најмалку ноќе (289).
Најчеста причина за незгодите со жртви било пребрзото возење (555), непочитување на првенство на минување (300), непрописно свртување(254) , недржење прописна страна (198) , непрописно престигнување (90), управување под дејство на алкохол (78).
Во сообраќајните незгоди меѓу настраданите предничат возачите на патнички возила, од кои 13 загинале и 827 се повредени. Во првата половина од 2009 година загинале 23 пешаци и 443 биле повредени.
Полицијата во истиот период презеде 157.891 превентивно репресивни мерки, од кои над 69 илјади се барања за прекршочни постапки. Наплатени се 11.224 мандатни казни, а од сообраќај се исклучени 6.594 возила и 7.261 возач, додека алкотестови им се извршени на 37.213 лица./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

