Македонија
Најтопол ден во годината – утре посвежо

Денеска во Македонија се измерени највисоките температури досега годинава, а според метеоролозите од утре се очекува пад на температурите и до 10 сте
Денеска во Македонија се измерени највисоките температури досега годинава, а според метеоролозите од утре се очекува пад на температурите и до 10 степени.
Сончево и многу топло време се задржува денеска на целата територија на Македонија со температура околу 40 степени.
Според УХМР во 14 часот во Гевгелија се измерени 40 степени, во Штип 39,3, во Битола 38, во Скопје 36, во Охрид 34, а во Маврово 30 степени.
Се очекува во текот на ноќта да дува засилен северен ветер, кој во недела ќе донесе значителен пад на дневните температури.
Според метеоролозите времето утре ќе биде сончево но ветровито со температура од 25 до 34 степени. Во Скопје и околината температурата ќе достигне 28 степени./крај/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.