Македонија
Груевски:Бадинтер и на локално ниво

Принципот на Бадинтер многу е важно да се променува и на локално ниво во мултиетничките општини во Македонија
Принципот на Бадинтер многу е важно да се променува и на локално ниво во мултиетничките општини во Македонија .
Оваа вчера во Дебар го изјави премиерот Никола Груевски кој додаде дека заменик премиерот Абдулаким Адеми постојано е во општините со мултуетнички карактер со цел да се реализира во целост овој систем
Премиерот рече дека од она што е информиран од страна на дебарскиот градоначалникот, Аргетим Фида во Дебар овој принцип се применува целосно.
Груевски за време на вчерашната посета на Дебар изрази готовност да и се излезе во пресрет на општината во врска со реализација на повеќе проекти со цел побрз развој на овој регион.
За време на посетата на општина Маврово – Ростуше премиерот на средбата со градоначалникот, Мукрем Мехмеди ја нагласи потребата од поддршка на економски проекти за намалување на миграцијата и инвестирање на печалбарите во родниот крај. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.