Македонија
Жена прободена со нож при тепачка со друга жена

Една жена завршила ноќеска во гостиварската болница со убодна рана од нож, што ја здобила при тепачка со друга жена
Една жена завршила ноќеска во гостиварската болница со убодна рана од нож, што ја здобила при тепачка со друга жена.
Како што соопшти полицијата, С.З.(1982) од Гостивар била примена синоќа околу 21 40 минути во болницата со повреда од нож.
По обавениот разговор со повредената утврдено е дека во куќата каде С.З. престојува под кирија, дошло до расправија, а потоа и тепачка помеѓу неа и Д.К.(1993) од Гостивар, која била на гости кај повредената.
Во еден момент Д.К. зела нож и ја прободела С.З. во пределот на десната подколеница, а потоа си заминала. ПС-Гостивар презема мерки за расчистување на настанот. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.