Македонија
Иванов се сретна со бизнисмените од југозападна Македонија

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска оствари средба со поголема група стопанственици од југозападниот дел на Македонија
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска оствари средба со поголема група стопанственици од југозападниот дел на Македонија.
Притоа Иванов најави дека ќе ги има предвид нивните забелешки во своите активности, како во земјата, а особено во странство, со цел подобро претставување на можностите за соработка кои ги нуди Македонија.
Ова, како што соопшти неговиот кабинет, е трета по ред во низата средби кои Претседателот, во соработка со Стопанската Комора на Македонија, ги одржува во градовите низ Македонија.
Присутните стопанственици ја поздравија иницијативата за одржување на вакви средби со Претседателот. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.