Македонија
Државата ќе го субвенционира туризмот

Со правилникот што треба наскоро да се усвои, државата ќе го субвенционира носењето странски туристи во Македонија, со што туризмот ќе се третира как
Со правилникот што треба наскоро да се усвои, државата ќе го субвенционира носењето странски туристи во Македонија, со што туризмот ќе се третира како извозна стопанска гранка.
Ова им го вети министерот за економија, Фатмир Бесими, на туристичките работници и на претставниците на стопанските комори на вчерашната средба во Струга. Според него, субвенционирањето ќе почне да се применува од почетокот на идната година.
„Ќе ги субвенционираме туроператорите кои ќе носат странски гости во Македонија што ќе престојуваат во организирани групи повеќе од три дена. Тоа ќе помогне да имаме поконкурентни аранжмани за странците, а ќе се зголеми и девизниот нето-прилив“, рече министерот Фатмир Бесими.
Тој вети дека ќе продолжи поддршката на Владата во промоција на македонските туристички вредности на светските електронски и печатени медиуми и туристичките берзи. /крај/ут/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.