Македонија
Индустриското производство падна за 16 насто

Индустриското производство во Македонија во јуни годинава се намалило за 16,2 насто во однос на истиот месец минатата година
Индустриското производство во Македонија во јуни годинава се намалило за 16,2 насто во однос на истиот месец минатата година.
Ова денеска го соопшти Заводот за статистика, додавајќи дека индустриското производство во периодот јануари-јуни година во однос на истиот период лани се намалило за 12,1 проценти.
Намалување на индустриското производство во јуни годинава на годишно ниво е регистрирано во сите главни индустриски групи, со исклучок на Енергијата.
Производството во секторот Вадење на руди и камен на годишно ниво се намалило за 30,8 насто, Преработувачката индустрија забележа пад од 18,4 насто, а Снабдувањето со електрична енергија, гас и вода пораснало за 25,5 проценти.
Најголемо намалување од 76,8 насто е забележано во одделот производство на други сообраќајни средства, вадењето на руди и камен за 62,9 насто, производство на основни метали за 51,8 проценти, производството на мебел за 50,4 и производство на текстилни ткаенини за 32,4 проценти./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.