Македонија
Двајца нови со симптоми на A/H1N1

Два нови случаи со симптоми сомнителни за инфлуенца A/H1N1 се примени на Клиниката за инфективни болести во Скопје во последните 24 часа
Два нови случаи со симптоми сомнителни за инфлуенца A/H1N1 се примени на Клиниката за инфективни болести во Скопје во последните 24 часа.
Првиот пациент живее во Англија и пред неколку дена пристигнал на гости во Скопје, додека вториот пациент бил на одмор во Хрватска и на денот на пристигнувањето во Скопје, се јавува температура, гребење во грлото, кивање, течење на носот, соопшти Министерството за здравство.
Здравствената состојба на новопримените пациенти е стабилна и се подобрува, се наведува во соопштението.
Во моментот на Клиниката се хоспитализирани вкупно 8 болни. Нивната здравствена состојба е стабилна и сите се без покачена температура.
Досега на Клиниката хоспитално биле лекувани вкупно 76 пациенти, од кои кај 19 е потврдено присуство на новиот тип на грип./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.