Македонија
Пуштена клучката „Детелинка“ на Битпазар
Клучката „Детелинка“ на Битпазар денеска беше свечено пуштена во употреба, со што е овозможена поголема проточност на сообраќајот во овој дел на
Клучката „Детелинка“ на Битпазар денеска беше свечено пуштена во употреба, со што е овозможена поголема проточност на сообраќајот во овој дел на градот.
„Новата клучка е модерна, според сите најнови стандарди. Проточноста на сообраќајот е зголемена во сите насоки, непрекинато, со брзина од 40 километри на час. Со тоа се елиминира работењето на моторите на возилата во место, а како резултат на тоа се намалува концентрацијата на издувни гасови во воздухот и потрошувачката на гориво. Просторот околу клучката е еколошки и естетски облагороден со зеленило“, изјави денеска градоначалникот Трајановски.
Градоначалникот Меџити рече дека е завршен проект кој на општината Чаир и дава лик на европска општина.
Инвеститор на градежните работи на клучката „Детелинка“ е Градот Скопје. Вкупната вредност на градежните работи е 39.000.000 денари. Клучката се градеше девет месеци во услови на непрекинато одвивање на сообраќајот.
Вкупната должина на сите краци на клучката изнесува 2,2 километри, асфалтирана е површина од 4.100 квадратни метри, а извршена е и реконструкција на постојната атмосферска канализација. На клучката е поставено комплетно улично осветлување и павер-елементи на сите пешачки површини. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Најстудено утрово на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени
Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени, -8 било Берово и Маврови Анови, -7 во Крушево и Крива Паланка, -5 во Тетово, -4 во Скопје-Петровец, Штип, Битола, Демир Капија, Виница и Претор, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Куманово, Прилеп, Охрид и Дебар, -2 во Кавадарци, 0 во Велес, 2 во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во седум часот утрово изнесувала 32 сантиметри на Попова Шапка и 12 во Маврови Анови.
Времето денеска
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
Македонија
В сабота протест во Неготино за правда на Фросина: „Стоп за сообраќајното насилство“
Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи в сабота во Неготино, објавија организаторите на настанот на социјалните мрежи. Маршот ќе започне во 14 часот на улица „Маршал Тито“.
Како што се објавува на социјалните мрежи, другарките на Фросина Кулакова која беше прегазена на 29 јануари, организираат бесплатен превоз до Неготино и назад за оние кои се од другите градови, а сакаат за бидат дел од протстот.
Според најавата која се шири на социјалните медиуми од Скопје автобусите ќе поаѓаат во сабота во 11 часот пред хотелот „Холидеј Ин“, а се повикуваат учество да земат и студентите.
Фросина Кулакова беше прегазена на пешачки премин на булеварот Партизански одреди во Скопје на 29 јануари од 20-годишниот Васил Јованов за кого беше објавено дека возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло.
Македонија
„Тој се’ уште не е правосилно осуден, и да добил затвор ништо немало да се промени“, вели професорот Калајџиев
Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев на социјалните мрежи ја коментираше тезата дека сообраќајната несреќа во која смртно беше прегазена Фросина Кулакова, немала да се случи ако возачот добил затворска казна.
„Тезата дека сообраќајката немала да се случи ако возачот добил затворска казна е неточна и лаичка! Тој се’ уште не е правосилно осуден и се чека одлука од Апелација. Тоа значи дека и да добил затвор ништо немало да се промени“, напиша тој.