Македонија
Повлечено помилувањето на Арнаудов

Повлечена е одлуката за помилување на поранешниот директор на ЕСМ Ламбе Арнаудов, официјално е соопштено попладнево
Повлечена е одлуката за помилување на поранешниот директор на ЕСМ Ламбе Арнаудов, официјално е соопштено попладнево.
„Претседателот Ѓорге Иванов донесе одлука за отповикување на одлуката за помилување заради технички пропуст“, соопшти претседателскиот кабинет.
Претходно, кабинетот на Иванов соопшти дека шефот на државата по повод националниот празник – Илинден, помилувал 61 осудено лице, од кои 18 потполно, а 43 делумно. Меѓу нив беше и Арнаудов, кој за проневера на еден милион евра од минатиот јули е на издржување казна затвор од четири години./крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.