Македонија
СПЦ ќе дозволи прослава во „Прохор Пчински“

Српската православна црква ќе овозможи македонска државна делегација да го посети манастирот „Свети Прохор Пчињски, каде пред 65 години беа поставени
Српската православна црква ќе овозможи македонска државна делегација да го посети манастирот „Свети Прохор Пчињски, каде пред 65 години беа поставени основите на македонската државност.
Во соопштението објавено на интернет страницата, СПЦ најави дека црковна делегација ќе ја пречека делегацијата на македонското Собрание на државниот празник Илинден „искрено, срдечно, братски и без задни намери“.
Македонска државна или црковна делегација немаше дозвола од СПЦ да го посети манастирот Прохор Пчињски речиси 20 години.
Министерството за надворешни работи на Македонија, како што јави радиото Би-Би-Си, не побарало од СПЦ да го посети манастирот, но не се исклучува можноста државна делегација да го посети Прохор Пчињски.
Претседателот на Собранието Трајко Вељановски ќе присуствува на прославата на споменикот на АСНОМ кај Пелинце, но потоа ќе го посети и „Прохор Пчињски”, кој се наоѓа веднаш од другата страна на македонско-српската граница./крај/ббц/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Николоски на конференција со ЕУ пратеници: Бугарија да го тргне ветото и да престане со условувањата

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во својство на претседател на Националниот совет за евроинтеграции учествуваше на онлајн конференција во организација на германската Фондација „Конрад Аденауер“ во соработка со Инстутот за демократија. На конференцијата се дискутираше за улогата и учеството на законодавните домови во процесот на приклучување кон Европската Унија со посебен осврт на Собранието како институција која има клучно учество во овој процес.
Покрај Николоски говорници на овој настан беа европратениците Марион Вилсман од Германија и Владмир Билчик од Словачка, заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски, како и директорот на Конрад Аденауер во Македонија Даниел Браун.
Овој настан има за цел да поттикне дискусија за улогата на Собранието во процесот на приклучување кон Европската Унија и важноста на законодавниот дом во насока на придвижување на европскиот пат на Македонија. На конференцијата заеднички беше нотирано значењето на Собранието во поглед на евроинтеграциите како и односот на Собранието со Европскиот Парламент, но и клучната потреба за дијалог помеѓу институциите и сите политички чинители во земјава.
Со овој настан се продолжува успешната соработка со Германската фондација Конрад Аденауер, која е фондација на владејачката ЦДУ од Германија.
Македонија
Панова: ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи сите, кои нема бидат примени во државна, да можат да отидат во приватна болница

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова реагира на како што вели неспособноста на Филипче и Заев која резултираше со над 144.000 заразени и над 4.300 починати од Ковид-19.
„Илјадници наши сограѓани мораа да се лечат во приватни болници, за што беа принудени да платат и до 15 илјади евра, некои ги даваа последните пари, некои подигаа кредити, а некои собираа донации. Власта сите ги втурна во сиромаштија. Токму затоа, ВМРО-ДПМНЕ во наредните денови ќе предложи дополнување на Законот за здравствена заштита, со кое ќе се предвиди рефундирање на разликата во цената помеѓу приватното и државното здравство на граѓаните кои се лекувале од Ковид- 19 во приватните болници“, истакна Панова.
Дополнително, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи сите, кои нема да можат да бидат примени во државна установа, да можат да отидат во приватна болница, каде ќе бидат лечени по цени, исти како и во државното здравство.
„Државата мора да биде во служба на народот. Никој не смее да трпи и страда, затоа што власта е неспособна“, рече Панова.
Таа објасни дека со дополнувањата на Законот за здравствена заштита, ВМРО-ДПМНЕ ќе предвиди граѓаните со хронични и останати болести, кои повеќе од 60 дена се на листа на чекање за некоја операција или друга здравствена, дијагностичка и интервентна услуга во државното здравство, да можат да отидат во приватна болница, а услугата да ја платат по цена како во државното здравство.
„Македонија мора да биде земја која се грижи за своите граѓани“, рече Панова.
Македонија
Угледни архитекти со поддршка за проектот „Гранд Скопје“

По вчерашната јавна презентација на проектот „Гранд Скопје“, предвиден на парцелата 1.1 спроти хотелот „Холидеј ин“, со свои реакции до медиумите и поддршка на проектот се јавија архитектите Драгољуб Доновски и Веселинка Герасимова-Петровска и шумарскиот инженер Ѓорѓи Самарџиев.
Архитект Драгољуб Доновски, кој има голема референтна листа на проектирани и изведени објекти од станбената и деловно-комерцијалната архитектура, вели дека, конечно, на повидок е еден нов лик на централниот градски простор во Скопје.
Неговата изјава ви ја претставуваме во целост: „Нова престижна модерна архитектура од форматот на Заха Хадид (Радиус). Браво. Доста беше. 60 години го гледаме просторот со привремен паркинг-простор. Никој ништо не презема да се облагороди. И, конечно, се појавија инвеститори. Кои и да се. Браво за нив и среќа за сите нас (мислам на нас, оние нечипирани и непартиски војничиња). Иако предметната локација нудела многу повеќе м2 за градба, сенсот на инвеститорот да направи нешто убаво, а не некаков дебармаалски злостор, е за поздравување. Балансирани површини за градба, зеленило, подземни паркирања во изобилство и што сè не. Вклопени идеално во блиската околина (Македонска радио-телевизија е 22 ката + антени). Браво за решителноста на инвеститорот за ваквиот чекор. Конечно, нов акцент во просторот. Ако ‘Воинот на коњ’ беше комплетно промашување, еве го правиот нов препознатлив акцент на идното Скопје, нов имиџ, нов downtown. Поздрави и многу успех во реализацијата на проектот. Сè тече, сè се менува, само некои сакаат Скопје да чмае. Доста е!“
Во врска со предвиденото хортикултурно уредување, кое инвеститорот најави дека ќе опфаќа партерно зеленило, високо зеленило – дрвореди, зелени градини на покриви, но и првпат вистински зелени вертикални градини, и тоа на вкупна површина од 6.520 м2, во која не се вкалкулирани вертикалните градини, се јави и шумарскиот инженер и пејзажен дизајнер Ѓорѓи Самарџиев.
„Доколку идниот урбан проект ‘Гранд’ биде изграден во согласност со презентираните визуализации, од аспект на хортикултурата, ќе претставува своевиден урбан бренд, современо моќно здание со интегрирано зеленило. Драгоцено парче во зелениот мозаик на градот“, вели тој.
И архитектот Веселинка Герасимова-Петровска го изрази својот став во врска со јавниот повик „Осмислен простор наместо висококатници кај ‘Холидеј ин’“. Таа вели дека концептот е токму тоа, односно осмислен, а нејзиното обраќање го пренесуваме во целост:
„Во врска со најновите случувања и јавниот повик ‘Осмислен простор наместо висококатници кај ‘Холидеј ин’“, би сакала да го изнесам мојот став во контекст на идеен проект и визуализацијата презентирана од страна на инвеститорот на предметната локација. Имено, како архитект со 26-годишно искуство, учесник во изработка на проектна документација во тим и самостојно, мислам дека понуденото решение од страна на проектантот е токму ”Осмислување на просторот кај ‘Холидеј Ин”, и тој како концепт апсолутно е соодветен за локацијата во строгиот центар на градот. Доблеста на проектантот да создаде простор за препознавање, притоа водејќи сметка да не се искористат максималните параметри од донесениот ДУП за градската четврт Ц08 Ново Маало и притоа да создаде еколошки центар во строгиот центар на градот е за поздравување и тој го поддржувам“.
Инаку, вчера, на онлајн прес-конференција инвеститорот „МГ фешн“ го презентира проектот „Гранд Скопје“, комплексот предвиден да се гради на парцелата 1.1 спроти хотелот „Холидеј ин“. Како што истакнаа од „МГ фешн“, целта на прес-конференцијата беше точно, вистинито и транспарентно да се информира јавноста за почнувањето на градба на комплексот како одговор на големиот број оспорувања во јавноста, но и визуелните прикази што циркулираа, а воопшто не кореспондираа со неговата вистинска слика и вредност.
(ПР текст)
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш