Контакт

Македонија

Вељаноски – Двата Илиндена го заокружија создавањето на независна Македонија

Објавено пред

Ако првиот Илинден беше израз на македонскиот непокор, вториот Илинден ја донесе победата

Ако првиот Илинден беше израз на македонскиот непокор, вториот Илинден ја донесе победата.

Ова денеска, во Меморијалниот центар Пелинце, го истакна претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, на одбележувањето на 65-годишнината од Првото заседание на АСНОМ.

Според него, со двата Илиндена, оној од 1903. година и вториот од 1944. година, е заокружено создавањето на независна и суверена Република Македонија.

Вељаноски нагласи дека Македонија денеска се соочува со нови предизвици и повика на единство во државата, за што поскоро остварување на евроатланските интеграции на земјата.

Говорејќи за грчката блока заприемот на македонија во НАТО, Вељаноски рече дека решението за спорот за името не смее да задира во националниот, културниот или јазичниот идентитет на македонскиот народ.

Претседателот на Собранието истакна дека никој нема мандат да преговара за македонскиот национален идентитет, и дека таквиот чин би бил предавство на двата Илиндена, но и на идните генерации.

Во меморијалниот центар во Пелинце свежо цвеќе положија делгација на Собранието, Владата, Претседателот на државата, политички партии, здруженија, како и на АРМ и дипломатскиот кор.

Државната делегација предводена од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за првпат по неколку години го посети манастирот Прохор Пчињски, автентичното место каде што било одржано Првото заседание на АСНОМ, каде што положи цвеќе на поставеното спомен обележје. /крај/м/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Николоски на конференција со ЕУ пратеници: Бугарија да го тргне ветото и да престане со условувањата

Објавено пред

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во својство на претседател на Националниот совет за евроинтеграции учествуваше на онлајн конференција во организација на германската Фондација „Конрад Аденауер“ во соработка со Инстутот за демократија. На конференцијата се дискутираше за улогата и учеството на законодавните домови во процесот на приклучување кон Европската Унија со посебен осврт на Собранието како институција која има клучно учество во овој процес.

Покрај Николоски говорници на овој настан беа европратениците Марион Вилсман од Германија и Владмир Билчик од Словачка, заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски, како и директорот на Конрад Аденауер во Македонија Даниел Браун.

Овој настан има за цел да поттикне дискусија за улогата на Собранието во процесот на приклучување кон Европската Унија и важноста на законодавниот дом во насока на придвижување на европскиот пат на Македонија. На конференцијата заеднички беше нотирано значењето на Собранието во поглед на евроинтеграциите како и односот на Собранието со Европскиот Парламент, но и клучната потреба за дијалог помеѓу институциите и сите политички чинители во земјава.

Со овој настан се продолжува успешната соработка со Германската фондација Конрад Аденауер, која е фондација на владејачката ЦДУ од Германија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Панова: ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи сите, кои нема бидат примени во државна, да можат да отидат во приватна болница

Објавено пред

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова реагира на како што вели неспособноста на Филипче и Заев која резултираше со над 144.000 заразени и над 4.300 починати од Ковид-19.

„Илјадници наши сограѓани мораа да се лечат во приватни болници, за што беа принудени да платат и до 15 илјади евра, некои ги даваа последните пари, некои подигаа кредити, а некои собираа донации. Власта сите ги втурна во сиромаштија. Токму затоа, ВМРО-ДПМНЕ во наредните денови ќе предложи дополнување на Законот за здравствена заштита, со кое ќе се предвиди рефундирање на разликата во цената помеѓу приватното и државното здравство на граѓаните кои се лекувале од Ковид- 19 во приватните болници“, истакна Панова.

Дополнително, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи сите, кои нема да можат да бидат примени во државна установа, да можат да отидат во приватна болница, каде ќе бидат лечени по цени, исти како и во државното здравство.

„Државата мора да биде во служба на народот. Никој не смее да трпи и страда, затоа што власта е неспособна“, рече Панова.

Таа објасни дека со дополнувањата на Законот за здравствена заштита, ВМРО-ДПМНЕ ќе предвиди граѓаните со хронични и останати болести, кои повеќе од 60 дена се на листа на чекање за некоја операција или друга здравствена, дијагностичка и интервентна услуга во државното здравство, да можат да отидат во приватна болница, а услугата да ја платат по цена како во државното здравство.

„Македонија мора да биде земја која се грижи за своите граѓани“, рече Панова.

Прикажи повеќе...

Македонија

Угледни архитекти со поддршка за проектот „Гранд“ Скопје

Објавено пред

По вчерашната јавна презентација на проектот „Гранд“ Скопје предвиден на парцелата 1.1 спроти хотелот „Холидеј Ин“, со свои реакции до медиумите и поддршка на проектот се јавија архитектите Драгољуб Доновски и Веселинка Герасимова-Петровска и шумарскиот инженер Ѓорѓи Самарџиев.

Архитект Драгољуб Доновски, кој има голема референтна листа на проектирани и изведени објекти од станбената и деловно-комерцијалната архитектура, вели дека конечно на повидок е еден нов лик на централниот градски простор во Скопје.

Неговата изјава ви ја претставуваме во целост: „Нова престижна модерна архитектура од форматот на Заха Хадид (Радиус). Браво. Доста беше. 60 години го гледаме просторот со времен паркинг простор. Никој ништо не презема да се оплемени. И конечно се појавија инвеститори. Кои и да се. Браво за нив и среќа за сите нас (мислам на нас, оние нечипирани и непартиски војничиња). Иако предметната локација нудела многу повеќе м2 за градба, „сенсот“ на Инвеститорот да направи нешто убаво, а не некаков „Дебар Маалски“ злочин, е за поздравување. Избалансирани површини за градба, зеленило, подземни паркирања во изобилие и што сè не. Вклопени идеално во блиската околина (Македонска Радио Телевизија е 22 ката + антени). Браво за решителноста на Инвеститорот за ваквиот чекор. Конечно нов акцент во просторот. Ако „Воинот на коњ“ беше комплетно промашување, еве го правиот нов препознатлив акцент на идно Скопје, нов имиџ, нов downtown. Поздрави и многу успех во реализацијата на проектот. Сè тече, сè се менува, само некои сакаат Скопје да чмае. Доста е!“

Во врска со предвиденото хортикултурно уредување, кое инвеститорот најави дека ќе опфаќа партерно зеленило, високо зеленило – дрвореди, зелени кровни градини, но и за прв пат вистински зелени вертикални градини, и тоа на вкупна површина од 6.520 м2 во која не се вкалкулирани вертикалните градини, се јави и шумарскиот инженер и пејсажен дизајнер Ѓорѓи Самарџиев.

„Доколку идниот урбан проект „Гранд“ биде изграден согласно презентираните визуелизации, од аспект на хортикултурата ќе претставува своевиден урбан бренд, современо моќно здание со интегрирано зеленило. Драгоцено парче во зелениот мозаик на градот“, вели тој.

И архитект Веселинка Герасимова-Петровска го изрази својот став во врска со јавниот повик „Осмислен простор наместо висококатници кај Холидеј Ин“. Таа вели дека концептот е токму тоа, односно „осмислен“,а нејзиното обраќање го пренесуваме во целост:

„Во врска со најновите случувања и јавниот повик „Осмислен простор наместо висококатници кај Холидеј Ин“, би сакала да го изнесам мојот став во контекст на идеен проект и визуелизацијата презентирана од страна на Инвеститорот на предметната локација. Имено, како архитект со 26-годишно искуство, учесник во изработка на проектна документација во тим и самостојно, мислам дека понуденото решение од страна на проектантот е токму „Осмислување на просторот кај Холидеј Ин“, и истиот како концепт апсолутно е соодветен за локацијата во строгиот центар на градот. Доблеста на проектантот да создаде простор за препознавање, притоа водејќи сметка да не се искористат максималните параметри од донесениот ДУП за градската четврт Ц08 Ново Маало, и притоа да создаде еколошки центар во строгиот центар на градот, е за поздравување и истиот го поддржувам“.

Инаку вчера, на онлајн прес-конференција, инвеститорот МГ ФЕШН го презентираше проектот „Гранд“ Скопје, комплексот предвиден да се гради на парцелата 1.1 спроти хотелот Холидеј Ин. Како што истакнаа од МГ ФЕШН, целта на прес-конференцијата беше точно, вистинито и транспарентно да се информира јавноста за отпочнувањето на градба на комплексот, како одговор на големиот број оспорувања во јавноста, но и визуелните прикази кои циркулираа, а воопшто не кореспондираа со неговата вистинска слика и вредност.

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Европа49 минути

Лајен обвинета за кршење на дипломатскиот протокол

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен е обвинета за кршење на дипломатскиот протокол како одговор на поканата на...

Македонија3 часа

Кинеските вакцини ќе пристигнат на 28 април

Министерот за здравство најави дека на 28 април во земјата ќе стигнат 200 илјади кинески вакцини додавајќи дека потврдата ја...

Регион4 часа

Објавен нон-пејперот што го потресе регионот: предлози за нови граници на Балканот

Словенечкиот портал „Нецензурирано“ го објави нон-пејперот, односно неофицијалниот дипломатски документ за новите поделби на територијата на поранешна Југославија. Документот, кој...

Регион5 часа

Борисов ја достави оставката пред Националното собрание

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, утрово ја достави оставката пред новоизбраното 45-то Национално собрание на раководениот од него Совет на министрите,...

Европа5 часа

Две години од пожарот во „Нотр Дам“ – се очекува катедралата повторно да биде отворена во 2024

Катедралата „Нотр Дам“ во Париз, уништена во пожар пред две години, повторно ќе биде отворена во 2024 година, вети во...

Свет6 часа

Тела на четири деца пронајдени по пожар во куќа во Русија

Телата на четири деца се пронајдени по избувнувањето пожар во приватна куќа во село во регионот Свердловск во Русија. Во...

Македонија7 часа

Денеска се вакцинираат лицата на 73 и 74 години

Денеска, почнува вакцинацијата на сите граѓани од 73 и 74 години, кои се пријавени преку vakcinacija.mk или преку матичните лекари....

Македонија18 часа

СЗО: Состојбата во земјите од Западен Балкан е сериозна

Претставничката на Европската канцеларија на СЗО, Кетрин Смолвуд, предупреди на состојбата со коронавирусот во земјите од Западен Балкан е сериозна....

Регион19 часа

Србија почна со производство на руската вакцина

Во институтот „Торлак“ во Србија почна производството на руската вакцина „спутник В“. Оваа вакцина во иднина ќе може да се...

Македонија21 час

Работата на Собранието да се деблокира на секое ниво, порача Џафери на вонредна координативна средба

Вонредна координативна средба поради блокадите во Собранието се одржа попладнево на иницијатива на претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а...

Македонија23 часа

Регистрирани 949 нови случаи на Ковид-19, починаа 33 лица

Во последните 24 часа се направени 3.610 тестирања, а регистрирани се 949 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 357,...

Македонија24 часа

Европратеници: Македонија и Бугарија треба да се оддалечат од дебатите за историја

Претседателот на Делегацијата на Европскиот парламент за односи со Северна Македонија, Андреас Шидер, вели дека Северна Македонија и Бугарија треба...

Македонија1 ден

Мицкоски: Оставка треба да си даде целата Влада, а Рашковски треба да е во затвор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава за медиумите во врска со случајот за Рашковски рече дека оставка треба да...

Македонија1 ден

Антикорупциската комисија продолжува со предметите за Рашковски и покрај оставката

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), по поднесената оставка од страна на владиниот секретар за мониторинг и поддршка на...

Македонија1 ден

Филипче: Бројот на новозаразени од Ковид-19 во благ пад, притисокот во болниците и натаму голем

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека денеска е забележан тренд на намалување на бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19....

Македонија1 ден

Македонија со цел до 2030 година да ги намали стакленичките гасови 51 отсто

Владата го усвои ревидираниот национален придонес кон Климатскиот договор од Париз, со што како национална цел ја постави амбицијата во...

Регион1 ден

Борисов: Јас нема да бидам кандидат за премиер во новиот кабинет

Бојко Борисов нема да биде предлог на ГЕРБ за нов премиер. Борисов ова лично им го потврди на новинарите по...

Европа1 ден

Европската комисија: Нема продолжување на договорите за вакцини со „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“

Европската комисија донесе одлука да не ги обновува договорите за вакцини против Ковид-19 со компаниите „Астра зенака“ и „Џонсон и...

Топ1 ден

Скопски фитнес-клуб работел и покрај забраната, следува кривична пријава

Полициски службеници синоќа извршиле контрола во фитнес-клуб лoциран на скопскиот булевар Партизански одреди по добивањето дојава дека тој работи и...

Македонија1 ден

Драги Рашковски поднесе оставка

Драги Рашковски, утрово, на својот „Фејсбук“ објави дека поднесува оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при...

Досие