Македонија
Благ пораст на работите на македонските градежници во странство

Македонската градежна оператива во првото полугодие извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 1,4 милијарди денари (22,7 млн евра
Македонската градежна оператива во првото полугодие извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 1,4 милијарди денари (22,7 милиони евра)
Ова во споредба со истиот период лани претставува пораст од 0,7 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи на зголемениот обем на извршените градежни работи во Хрватска и Албанија, додека во Русија и Украина е регистриран намален обем на извршени работи.
Вкупната вредност на договорените работи во странство во периодот јануари – јуни 2009 година изнесува 2, 98 милијарди денари (48,5 милиони евра), што е за 41,4 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година. /крај/со/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денес сончево време и температура до 34 степени

Времето денес ќе биде сончево и малку посвежо со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Во наредните денови следува период на стабилно, претежно сончево и топло време со пораст на температурите.
Македонија
Протестираме за вашите деца оти утре ден не дај боже да се случи истото – татко кој загуби син ги повика кочанчани масовно да им се приклучат

Таткото кој го загуби синот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, го повика населението во градот масовно да излезе и да им се приклучи на протестите.
„Марширам на секој марш, моето дете отиде, за кого марширам? За вашите деца, тие што ги имате дома, оти утре не дај боже ќе ви се случи и вас истото. Да не кукате и вие како што ние кукаме и да одите по гробиштата“, рече таткото.
Тој ги повика кочанчани да не стравуваат ако им се врши притисок оти мнозинството секогаш победува. Ги повика и членовите на општинските комитети од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да им се придружат.
„Страшен е овој живот што го живееме сега, ни отидоа дечињата. Прашајте нѐ како живееме“, рече таткото.
Родителите како и претходните саботи маршираа низ градот, со слики од децата во рацете. Побараа одговорност од МВР, како и средба со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Македонија
Во Кочани од Словенија стигна донација од 4.070 лепенки за третман на изгореници

„Супорт Кочани“ обезбеди донација од 4.070 силиконски лепенки за третман на изгореници и чувствителни повреди на кожа. Лепенките се донирани од граѓани кои живеат во Словенија, како и од словенечка фирма, додека транспортот бил овозможен со поддршка од компанијата Белдона ММС.
„Упатуваме голема благодарност до граѓаните и фирмата што беа вклучени во донацијата, до возачите на Белдона ММС и самата фирма, кои беспрекорно се погрижија за логистичкиот дел и за помалку од 24 часа овозможија донацијата да стигне до нас“, велат од „Супорт Кочани“.
Се додава дека донацијата е уште еден потсетник дека вистинската поддршка понекогаш доаѓа таму каде што најмалку ја очекуваме – од срцата на обичните луѓе, преку граници и без големи зборови.