Македонија
Маргарас – Западниот Балкан во пакет во ЕУ
Нема сомнеж дека ЕУ во јануари ќе ги укине визите за Македонија, Србија и Црна Гора, а земјите од Западен Балкан „во пакет“ ќе влезат во Унијата
Нема сомнеж дека Европската унија (ЕУ) од први јануари ќе ги укине визите за Македонија, Србија и Црна Гора, а сите земји од Западниот Балкан „во пакет“ ќе влезат во Унијата.
Ова во интервју за црногорските медиуми го изјави Василис Маргарас, аналитичар од Центарот за европски политички студии во Брисел.
„Иако е разбирлива желбата на оние политичари од Западниот Балкан, кои би (сакале) реформиските заслуги да се мерат индивидуално, ЕУ тоа досега не го практикувала и мислам дека нема (да го направи) ниту во случајот со вој регион“, вели Маргарас.
Според Маргарас, Брисел во наредниот период стриктно ќе води сметка, секоја нова членка навистина да ги исполни сите критериуми, за да биде дел од европското семејство.
„Прашањата како што се корупцијата и организираниот криминал, дефинитивно же бидат најголем предизвик“, тврди Маргарас.
Тој сепак предупредува дека не треба да се заборави и расположението во Брисел, од каде се погласно се бара голема пауза во проширувањето, со исклучок на Хрватска. /крај/фо/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Герасимовски: Во среда македонски евергрини на „Џез под ламба“ кај Италијанска амбасада
Општина Центар, информира дека и годинава, во среда, 25 декември со почеток во 19.00 часот ќе се одржи настанот „Џез под ламба“ на пјацетата кај Италијанска амбасада.
Градоначалникот Горан Герасимовски, информира дека на овој настан граѓаните ќе имаат можност да слушаат џез верзија на македонските евергрини од Искра Србиновска квартет, но и да пробаат греано вино и печени костени.
„Во среда ги слушаме омилените македонски евергрини во џез верзија. Ги повикувам сите граѓани кои сакаат да слушнат добра македонска музика да дојдат и заеднички да го прославиме нашиот културен идентитет и да уживаме во музиката во пресрет на новогодишните празници. Се гледаме на македонски џез“, порачува Герасимовски.
Настанот „Џез под ламба“ е во организација на Општина Центар, а во соработка со МГ Мјузик продукција.
Скопје
Делови од општините Аеродром, Кисела Вода и Сарај без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Кисела Вода и Сарај.
· од 07:00 до 16:00 часот, корисниците од улиците: Божин Николов, Хаџи Трајко и Горно Лисиче (во делот кон село Долно Лисичче) во општина Аеродром;
· од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од објектите во околината на Езеро – Треска во општина Сарај;
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од улицата Милан Мијалковиќ во општина Кисела Вода.
Македонија
Студен бран со врнежи од дожд и снег
Под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините и повисоките места од снег.
Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови (над 25л/м2) каде на планините ќе се зголеми постојната снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места.
Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер (над 60км/ч). Потоа до четврток ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, особено во среда.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег, особено попладне. Ќе дува умерен југоисточен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер. Во следните три дена ќе има услови за провејување на снег, особено во среда.