Македонија
Бензините поскапуваат за речиси 5 проценти

Малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија од полноќ просечно поскапуваат за 4,74 насто, односно за 2 до 2,5 денари за литар
Малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија од полноќ просечно поскапуваат за 4,74 насто, односно за 2 до 2,5 денари за литар.
Новата цена на Еуросупер-95 изнесува 62,5 денари за литар, Еуросупер -98 е 64 денари за литар, на Еуросупер БС-95 изнесува 64, а на Еуросупер БС-98 65,5 денари за литар.
Малопродажните цени на дизелот и на ексталесното гориво се зголемуваат за 2, односно за 1,5 денари за литар. Новата цена на Еуродизелот изнесува 50 денари за литар, а на екстралесното масло за домаќинство 39 денари.
Новите цени на мазутот изнесуваат 26,335 денари за килограм за М2 и 27,835 денари за килограм М1 НС.
Според Регулаторната комисија за енергетика покачувањето на цените на горивата се должат на скокот на цената на суровата нафта на светските берзи и на намалениот кус на денарот во однос на доларот. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Петровец без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН Македонија, ги информира граѓаните дека на ден 13.09.2025 година (сабота) ќе има прекин во напојувањето со електрична енергија.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе останат корисниците на ул. 5 во село Огњанци (потег од основното училиште до маркет „Перо“), во општина Петровец.
Македонија
Денес топло време, од утре нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Под влијание на циклонска активност во недела попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 25 l/m²) и засилен ветер. Во понеделник ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h). Во деновите потоа ќе има стабилизирање на времето.
Македонија
Дел од Центар денес без вода поради дефект на водоводната мрежа

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, ги информира граѓаните дека на ден 13 септември 2025 година (сабота) ќе има прекин во водоснабдувањето во делови од Центар.
Поради уличен дефект на цевка со пречник Ф-275 мм на бул. „11 Октомври“ бб, кај Зелениот пазар, без вода ќе останат корисниците на потегот од Собранието до бул. „Кочо Рацин“, како и дел од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Прекинот ќе започне во 8 часот и ќе трае сè до санирање на дефектот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.