Македонија
Серија земјотреси во Дебарско-предизвикана материјална штета
Серија земјотреси ноќеска беше регистрирана на 15 километри југозападно од Дебар, на територијата на Албанија.
Серија земјотреси ноќеска беше регистрирана на 15 километри југозападно од Дебар, на територијата на Албанија.Земјотресите, како што јави дописникот на Макфакс, предизвикаа помали материјални штети во поголем број куќи во Дебар, а засега нема информации за жртви.Според скопската Сеизмолошка опсерваторија првиот и најсилен земјотрес со интензитет од 7-8 степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван синоќа во 23 часот и 49 минути. По него, до три часот изутрината во Дебар, како и во повеќе градови во западна Македонија, се почувствувани уште десетина потреси со јачина од 3 до 5 степени според Европската скала.Дебарчани исплашени од земјотресот ноќта ја минале под отворено небо, јави дописникот на Макфакс, бидејќи во голем број куќи, особено во стариот дел на градот, земјотресите направиле пукнатини.Изутрината е мирно, меѓутоа жителите на Дебар сè уште се во паника и во најголем дел не ги пуштија децата на училиште.Епицентарот на потресите е на 110 километри југозападно од Скопје. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.

