Македонија
Јанкулоска на регионална министерска конференција

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во Брдо кај Крањ ќе присуствува на 9-та Регионална министерска конференција
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во Брдо кај Крањ ќе присуствува на 9-та Регионална министерска конференција за илегална миграција, организиран криминал, корупција и тероризам.На конференцијата ќе се изврши преглед на ситуацијата во областа на визната либерализација, а ќе стане збор и за понатамошен развој на полициската соработка во Југоисточна Европа и размена на добрите пракси во борбата против тероризмот во Југоисточна Европа. Министрите ќе потпишат и Меморандум за разбирање во врска со поддршка и воспоставување на Единици за меѓународна координација на органите надлежни за спроведување на законот. Потпишувањето на Меморандумот за разбирање е дел од активностите кои се превземаат во рамки на Проектот ИЛЕЦУС кој е комплетно финансиран од страна на Европската Комисија. Главен носител на Проектот е Федералното министерство за внатрешни работи на Австрија, а како меѓународни партнери за поддршка во спроведувањето се вклучени и Европол и Интерпол. Држави кориснички се Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Србија.Со Проектот се предвидува создавање на Меѓународни координативни единици надлежни за спроведување на законот, со цел поддршка при размена на информации во меѓународните истраги и олеснување на комуникацијата на оперативно ниво. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Гази Баба денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта промена на затварач (шибер) од Ф 80мм на ул.Јани Лукровски бр.1 (кај Б.П Мак Петрол), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јани Луковски, улицата 16-та Македонска Бригада, улицата Трифун Хаџијанев и улицата Лазар Поптрајков, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување.
Македонија
Сончево и топло, максималната температура до 27 степени

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Времето во наредните денови
И во сабота ќе се задржи стабилно и топло време со засилен јужен ветер (над 60 km/h). Во недела локално, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен северен ветер и дневните температури ќе опаднат за 7 до 10 степени.
Македонија
Карпош, Аеродром и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 13.30 часот, корисниците од М.В. Село, Злакуќани, засегнати и корисниците кои се напојуваат од МРО-4 на фундамент пред ATLANTIK MARCELLA (општина Карпош)
-во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. Врполе, дел од ул. Илија Димовски-Гоче, дел од ул. Мите Богоевски и дел од ул. Михаил Глинка (општина Аеродром)
-во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Шандор Петефи (општина Кисела Вода)
-во периодот од 11.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. Ацо Шопов и Марк Твен (општина Карпош)