Македонија
Биеналето продолжува со богата програма
Голем број автори ќе се претстават денеска на осмиот ден од Биеналето на младите уметници од Европа и Медитеранот што се одржува во Скопје.
Голем број автори ќе се претстават денеска на осмиот ден од Биеналето на младите уметници од Европа и Медитеранот што се одржува во Скопје.Скопската публика ќе може да ги види двата кратки документарни филма на Асма Бесеисо од Јордан.„7 Professions Lost homeland“ е документарец што трае 25 минути и ги прикажува социјалните, економските и политичките влијанија на бегалците од Палестина, што живеат во Либан, каде социјалните и културните традиции престануваат да постојат. Вториот филм е „Надиа“, краток документарен филм во кој е опишан животот на жена од Саудиска Арабија која се соочува со двојна криза на идентитет, а која зборува за искуствата од животот во САД.Во вечерната програма, со танц во Драмскиот театар ќе се претстави La Cabo, од Шпанија. Предмет на нивниот перформанс се кризата, феминизмот, едноставноста преполна со моќ, семејството, недостатокот на комуникација, состојбата на умот пред животот и пред смртта.Настани во рамки на визуелните уметности се одржуваат во Националната Галерија на Македонија, во Мала Станица, и во Музејот на Град Скопје. Меѓу нив е и Monsieur Moo, од Франција. Неговиот седумминутен филм е подготвуван цели две години и претставува метафора и осврт на околината во која живееме.Неколку работилници денеска нуди и Оф програмата од Биеналето. во EU Info Центарот, се одржува Меѓукултурна Работилница, промовирана од Kevin Ryan (UK Young Artists), насловена како Arts in Conflict: базирана на работата на координаторите со широка група на луѓе за да се анализираат конфликтни ситуации на многу нивоа во општеството.Според најавите, денеска ќе се одржи работилница за Creative Writing од Шпанците José Maria Gomez Valero и David Eloy Rodriguez Ramajo во Куќата на креативноста./крај/ед/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Магла кај Ресен и Удово, видливоста е намалена
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла до 50 метри има кај Ресен и Удово, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Скопје утрово пак е покриено со магла, денес променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
До вторник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, информира УХМР.
Македонија
Викендот со стабилно време, дожд се очекува од вторник
За време на викендот ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во сабота и недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб ветер, претежно од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -3 до 2 степени, додека дневните максимални ќе достигнуваат од 6 до 13 степени.
Во текот на викендот во Скопје се очекува променливо облачно и тивко време, со појава на магла, особено во утринските часови. Минималната температура ќе се спушта до -3 степени, а максималната ќе достигнува околу 8 степени.
Според УХМР, стабилното време ќе се задржи до вторник, по што кон крајот на денот и во следните денови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на планините и повисоките места врнежите ќе бидат од снег.

