Македонија
ЕП кошарка – Македонија почнува битка за висок пласман
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/81ed040f-0daa-4d3e-b171-3a4f1ea182d6.jpeg)
Македонската кошарска репрезентација се пресели во полскиот град Бидгошч каде денеска со мечот против Франција ја почнува битката
Македонската кошарска репрезентација се пресели во полскиот град Бидгошч каде денеска со мечот против Франција ја почнува битката за висок пласман на Европското првенство (ЕП).По двата порази, против Грција и Хрватска, и победата против Израел, репрезентацијата на Македонија обезбеди историски пласман во втората фаза, и можност за уште еден подвиг, да обезбеди учество на Светското првенство.За таа цел, според пресметките, би биле потребни две победи во групата Е, во која покрај Грција и Хрватска се и новите противници – актуелниот европски првак Русија, Франција и Германија.Прв противник на „црвено – жолтите, вечерва (21,00 часот), ќе биде репрезентацијата на Франција, предводена од НБА ѕвездата Тони Паркер. Тој во досегашниот тек од ЕП е најефикасен во својата репрезентација со просек од 20 поени по натпревар.Македонија и Франција досега имаат одиграно еден натпревар, на кој пред десет Французите како домаќини на ЕП победија со 71-67.По пауза од десет години, Македонија се врати на континенталното првенство и со победата против Израел обезбеди најмалку 12 место.За нов подвиг и дебитантски настап на Светското првенство, што 2010 ќе се одржи во Турција, македонската кошарска репрезентација ќе треба да го освои седмото место.Е група: – Табела:Грција 4 бодаФранција 4Германија 3Хрватска 3Македонија 2Русија 2 ./крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.