Македонија
Македонските и словачките спелеолози ги прекинаа истражувањата на Караџица
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/0fcb584d-84d5-47d2-8ecd-8044dbfe4267.jpeg)
Македонските спелеолози од „Пеони“ и нивните словачки колеги ја прекинаа мисијата за истражување на „Словачка јама“ на Караџица
Македонските спелеолози од „Пеони“ и нивните словачки колеги ја прекинаа мисијата за истражување на „Словачка јама“ на Караџица, откако во првиот дел на јамата наидоа на леден чеп.„Требаше да поставиме логор во внатрешноста на јамата, од каде ќе ги продолжевме истражувањата за да утврдиме за колкава длабочина станува збор. Посебно сакавме да откриеме дали станува збор за најголемиот воден базен во овој дел на Македонија, бидејќи претпоставуваме дека токму од тука се снабдуваат со вода сите извори. Но, за жал, наидовме на леден чеп кој не успеавме да го пробиеме“, изјави Иван Жежовски од Спелеолошкото друштво „Пеони“.Според него, станува збор за јама што започнува на височина од 2.250 метри и се спушта на 1.177 метри, а досега истражената должина изнесува 524 метри.Од „Пеони“ очекуваат дека јамата може да биде долга и до 1.000 метри. И со сегашната истражена должина „Словачка јама“ претставува најдлабоката јама во Македонија. Спелеолозите планираат пред почетокот на зимата да го покријат влезот во јамата, за да спречат нови таложења на снег и мраз, со што би се овозможило растопување на ледениот чеп и можност јамата однова да се истражи догодина.Според словачкиот спелеолог Јурај Суњак, оваа јама има многу убави фигури и дека дополнително треба да се открива и да се утврдува што се има во неа.Мисијата на „Пеони“ и словачките спелеолози беше потпомогната и од луѓето на Повеќенаменското подрачје „Јасен“, на чија територија се наоѓаат јамите и пештерите.„Јасен ги поддржува сите овие истражувања. Повеќенаменското подрачје е отворено за јавноста за комерцијални цели, а спаѓа меѓу трите најбогати во светот со дивеч“, изјави Михаил Малахов, директор на ЈП „Јасен“. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.