Македонија
СДСМ со нова програма посветена на економијата
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) на денешниот 11 -ти Конгрес ја усвоија новата програма, каде акцентот е ставен на економските прашања.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) на денешниот 11 -ти Конгрес ја усвоија новата програма, каде акцентот е ставен на економските прашања.Програмата, насловена „Решенија за Македонија” меѓу другото нуди и нова даночна политика, пониски даноци за сиромашните, а повисоки за богатите, подобра бизнис клима, стимулирање на инвестициите.Новата програма е содржана во 193 страници. Седумдесет проценти од содржината се базира на економските прашања, додека останатиот дел се однесува на социјалните прашања, образованието и правдата.- Пред граѓаните ќе излеземе со нови решенија. Директно на средби со нив ќе ги уверуваме дека нудиме решенија за дефектите во повеќе сектори во државата. Загрозени се човековите права и неопходни се промени, изјави потпретседателот на СДСМ, Андреј Петров, пренесе радио Дојче веле.Најголемата опозициска партија во Македонија го усвои новиот официјален партиски симбол – жолта ѕвезда со стилизирана роза, како и партиска химна./крај/ме/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 97 возила во Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 24.11. до 30.11.2025 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранија 97 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, велат од ПОЦ.
Македонија
ЕУ го поздрави напредокот на Северна Македонија и најави поддршка за реформите и Планот за раст
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во рамки на работната посета на Брисел, утрово оствари средба со Ана-Марија Бура, главен советник за надворешна политика во кабинетот на Претседателот на Европскиот совет, задолжена за координација на надворешните политики и агендата за надворешни работи на ЕУ. На средбата беа разменети мислења за актуелната состојба и динамиката на процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската Унија, како и на пошироките геополитички околности и улогата на политиката на проширување во одржувањето на стабилноста и просперитетот во регионот.
Министерот Муртезани ја истакна заложбата на Владата за целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, вклучително и во контекст на руската воена агресија врз Украина, како потврда на стратешката определба на земјата за членство во ЕУ и нејзината улога како доверлив партнер. Тој се осврна и на напредокот во реализацијата на Реформската агенда и Планот за раст, како и на имплементацијата на патоказите за јавна администрација, владеење на правото, малцинства и странски инвестиции, кои претставуваат основа за продолжување на пристапниот процес и искористување на финансиските инструменти на Унијата.
Бура го поздрави напредокот на Северна Македонија во исполнувањето на обврските од процесот на пристапување и беше изразена подготвеност за натамошна поддршка од страна на институциите на ЕУ во спроведувањето на реформите и користењето на можностите што ги нуди новиот План за раст за Западен Балкан. Двете страни се согласија дека континуираниот политички дијалог и конструктивниот пристап се клучни за одржување на позитивната динамика и за забрзување на европската интеграција на Северна Македонија.
Македонија
Пазарниот инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти во пресрет на празниците
Државниот пазарен инспекторат најави засилени инспекциски надзори во угостителските објекти во пресрет на претстојните празници и зголемениот број прослави. Целта, како што наведуваат, е спречување на нерегуларности во работењето и поголема заштита на гостите.
Од инспекторатот апелираат угостителите совесно да ги почитуваат законските обврски, особено одредбите за дозволениот број гости, работното време, законот за заштита од пушење и сите други регулативи што се однесуваат на нивната дејност.
Инспекторатот најавува соодветни мерки и санкции за сите кои нема да ги почитуваат законските правила.
Граѓаните се повикуваат сите неправилности да ги пријават на телефонскиот број 191 или преку веб-страницата www.dpi.gov.mk.
.

