Македонија
Турчин собрал 8.000 евра со лажни картички

Македонската полиција приведе турски државјанин, кој со повеќе фалсификувани картички во текот на септември собрал…
Македонската полиција приведе турски државјанин, кој со повеќе фалсификувани картички во текот на септември собрал 490 илјади денари (околу осум илјади евра). На турскиот државјанин Е.О. (32), му е одреден 30-дневен притвор, откако полицијата започнала истрага по пријава на една оштетена банка. Нему му помагал Македонецот Ф.Б (33), така што му ги посочувал местата и локациите на банкоматите, а му служел и како преведувач, за што бил соодветно наградуван. Тој е пуштен да се брани од слобода. Полицијата утврди дека Е.О. во текот на септември годинава на повеќе платежни картички на магнетната лента вметнал вистински податоци од картички на странски државјани и на банкомат на домашна банка до 14 септември извршил 74 нелегални трансакции, од кои 49 неуспешни во износ од 956 илјади денари и 25 успешни со кои собрал 490 илјади денари. Турчинот и неговиот преведувач биле фатени во понеделникот на улица Босна и Херцеговина во Скопје. О.Е е фатен со 34.500 денари и 23 фалсификувани картички, а во неговата соба во хотелот Алба се пронајдени уште 12.100 евра, 102 долари, 4 платежни картички и 4 фалсификувани пластични магнетни картички.МВР соопшти и дека има докази оти дел од пронајдените фалсификувани картички биле употребени на банкомати и на други четири македонски банки./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Партиите од ВЛЕН отсега ќе делуваат како еден политички субјект

Коалицијата ВЛЕН известува дека „денес е направен првиот чекор кон целосно политичко обединување, со заедничка визија и обединета структура, како единствена сила што ја претставува надежта, достоинството и иднината на Албанците во оваа земја“.
„На денешниот состанок беше формирано Заедничкото Претседателство на ВЛЕН, како прв орган што ќе ги координира сите политички и организациски активности на коалициско ниво.
Од денес стапува во сила мораториум на јавните активности на политичките партии учеснички во ВЛЕН, при што сите активности и настапи ќе се реализираат исклучиво под името, логото и единственото претставување на ВЛЕН.
Во наредниот период ќе се формираат и другите заеднички органи, вклучително и Раководството на ВЛЕН и Шефот на Изборниот штаб, кој ќе ја води подготовката за претстојните избори.
Пратеничката група на ВЛЕН ќе продолжи да функционира со актуелните пратеници кои го поддржуваат процесот на обединување и се посветени на јакнење на заедничкиот глас на Албанците“, велат од ВЛЕН.
Македонија
(Видео) Запален домот на Александар Пандов: Нема да не запрат и нема да не поколебаат

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот.
„Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата! Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците!
Нема да не запрат и нема да не поколебаат. Никој не е над законот! Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува!“, напиша Пандов.
Тој додаде дека очекува институциите да го најдат и казнат сторителот.
Македонија
Милошоски: Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ за Тошковски, целта им беше лична дискредирација и злоупотреба на трагедијата

„Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ против МВР, Панче Тошковски. Целта им беше провидна“, напиша на социјалните мрежи Антонио Милошоски.
„Прво лична дискредитација на Тошковски, а потоа злоупотреба на семејните емоции од големата трагедија во Кочани. Манипулативни намери, наместо реални предлози и поддршка“, додаде тој.