Македонија
Прослава на Меѓународниот ден на мирот
Меѓународниот ден на мирот – 21 септември во Македонија се одбележува со Мировен марш.
Меѓународниот ден на мирот – 21 септември во Македонија се одбележува со Мировен марш.Маршот, што се одржува втора година по ред, во организација на Сојузот на борците на Македонија започнува кај Собранието, низ главните улици на Скопје, а завршува пред Споменикот на ослободителите на Скопје.На церемонијата ќе говорат претседателот на Сојузот на борците на Македонија и претставници на Владата.Организацијата на Обединетите нации го прогласи 21 септември за Меѓународен ден на мирот во 1981 година за да нагласи дека сите недоразбирања треба да се решаваат на мирен начин, без разлика дали се меѓународни или етнички.Годинава во светот Денот на мирот се одбележува со најголема прослава, што ќе се емитува ширум светот.Во директниот пренос на интернет што ќе трае 24 часови ќе биде емитувана порака за мир на генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун.„По повод овој Ден на мирот имам едноставна порака за сите која гласи – мора да се разоружаме, мора да имаме мир. Апелирам до сите луѓе да се придружат во тие напори. Поддржете ги ОН и дајте го својот придонес за мирот“, се вели во пораката на Мун.Во прославата ќе учествуваат бројни актери и музичари, меѓу кои Џорџ Клуни, Анџелина Џоли, Џад Ло, Мајкл Даглас, Ени Ленокс, Пол Макартни. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Стефковски: Доделуваме 11 милиони денари финансиска поддршка за спортот
Општина Гази Баба објави Јавен оглас за прибирање на барања за финансиска поддршка на спортски клубови, спортски здруженија, спортисти, други правни лица од областа на спортот и спортски манифестации кои се одржуваат во општина Гази Баба за 2025 година.
За јавниот оглас, информираше градоначалникот Бобан Стефковски на социјалните мрежи на кои напиша:
„Оваа година доделува финансиски средства за поддршка на спортот во висина од 11 милиони денари, што претставува историски најголема финансиска поддршка за спортот во една календарска година“, напиша Стефковски.
На јавниот оглас може да учествуваат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски категории, други правни лица од областа на спортот и организатори на спортски манифестации што се одржуваат во општина Гази Баба, чие што регистрирано седиште односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на општина Гази Баба или имаат огранок на подрачјето на општина Гази Баба.
Јавниот оглас трае до 17.02.2025 година.
Општина Гази Баба ги повикува сите оние кои ги исполнуваат условите да аплицираат.
Македонија
Продолжува потрагата по Миле Тодоров кој исчезна пред осум дена
Миле Тодоров дал отказ на работното место во Кавадарци и се упатил кон Неготино. Бил облечен во работничко одело,бело палто и црн елек. Последен пат бил забележан на 30 јануари во селото Марена, во Кавадарци. Од тогаш му се губи секаква трага.
Веќе осум дена трае потрагата по 28-годишното момче од Неготино.
Полицијата досега го најде само неговиот мобилен телефон кај реката Луда Мара.
Тој е спортист, висок околу 185 сантиметри, со кратка коса.
Се апелира, доколку било кој има сознанија за случајот, веднаш да ја извести полицијата.
Македонија
Брат министер, брат началник, татко советник – ќе реагира ли Антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ, прашува СДСМ
„Државната комисија за спречување корупција итно треба да постапи во случајот Андоновски и непотизмот кој царува во Владата на Мицкоски. Таткото на министерот за дигитална трансформација, Љупчо Андоновски е советник во Владата. Братот на министерот пак, Игор Адноновски е началник во АНБ. Значи цела фамилија, едниот брат министер, другиот брат началник во АНБ а таткото Советник во Влада“, велат од СДСМ.
„Ова ли е „департизацијата“ што ја ветуваше ДПМНЕ? Дали ова е „мерит системот“ кој го најавуваа?
Не, ова е јасен доказ за непотизам, судир на интереси и злоупотреба на државните институции за партиски и лични цели.
Додека илјадници млади и способни граѓани ја напуштаат државата во потрага по работа, држаните функции се резервирани само за роднините на актуелните и поранешните функционери на ДПМНЕ.
Ќе реагира ли Антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ?
Македонија мора да биде праведна и правна држава – а не држава на непотизам и корупција!“, соопшти СДСМ.