Македонија
Протестот на аптекарите продолжува во вторник

Вработените на ПЗУ „Градска Аптека“ Скопје, за денеска најавија продолжување на мирниот протестен марш, кој беше
Вработените на ПЗУ „Градска Аптека“ Скопје, за денеска најавија продолжување на мирниот протестен марш, кој беше ставен во мирување поради изминатиот државен празник.Тие за време на протестот одржан во петокот побараа институциите на системот под итно да влезат во ПЗУ „Градска аптека“ Скопје и да направат комплетна ревизија на се што е правено во изминатиот периодВработените во Градски Аптеки деновиве ги затворија аптеките, во знак на револт бидејќи седум месеци не земале плата. Исплатата на платите и одржување јавен собир на содружниците се единственото решение за Градски аптеки Скопје, смета, Тодор Костадинов, директор на Градски аптеки Скопје /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гази Баба доделува еден милион денари како помош на семејствата на настраданите во Кочани

Денес по барање на градоначалникот на Гази Баба се оддржа итна седница на Советот на општина на која се донесе одлука за доделување на 1.000.000 денари на сметката на солидарниот фонд на Црвениот крст на Македонија за помош и поддршка на семејствата на настраданите во несреќата во Кочани.
На седницата се обрати градоначалникот Бобан Стефковски кој уште еднаш го изрази своето сочувство до семејствата на 59те загинати граѓани во несреќата која пред два дена се случи во Кочани.
„Нема зборови кои можат да ја покријат болката кои сите ние ја чувствуваме. Она што можеме во овие тажни мигови за Македонија да го направиме е достоинствено да тагуваме, да бидеме солидарни и да се молиме. Ова е трагедија каква Македонија досега не памети. Нема граѓанин кој не чувствува болка и не бара одговорност. И јас, како градоначалник, човек, родител чувствувам болка, тага, но силно од мене произлегува и барањето за одговорност со точно име и презиме“ истакна Стефковски.
Тој потсети дека не е далеку 2016 година кога токму општина Гази Баба се соочи со несреќа во која 22 граѓани ги загубија своите животи, а беше нанесена и голема материјална штета. Кога на општина Гази Баба и беше потребно, Македонија и светот и помогна.
Седницата на Советот започна со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите во трагичната несреќа.
Македонија
Клиниката „Жан Митрев“ згрижи 9 пациенти: тројца се испратени во соседните земји, тројца се пуштени дома, а другите се задржани на понатамошна опсервација

Клиниката „Жан Митрев“ извести дека досега вкупно девет пациенти биле згрижени тука, од кои тројца, кои беа во животна опасност и беа итно интубирани, се пренесени на лекување во соседните земји. Другите шест пациенти добија соодветен третман, при што тројца од нив веќе се во стабилна состојба и ќе бидат пуштени на домашно лекување, а тројца остануваат на дополнителна опсервација.
„Клиниката ‘Жан Митрев’ од првиот момент ги отвори вратите за сите повредени во трагичниот настан во Кочани и со целосна поддршка и максимална посветеност ги стави на располагање сите свои ресурси, целиот медицински персонал, болничките капацитети и амбулантните возила.
Тимот на болницата – лекари, медицински сестри и болничари, заедно со специјално опремените амбулантни возила, постојано се ангажирани во транспорт на најтешко повредените пациенти не само до и од клиниката туку и од други здравствени установи во земјата и странство. Во изминатиот период беа транспортирани повеќе од десет пациенти кон разни здравствени центри вклучувајќи ги аеродромите во Скопје и Солун, како и болниците во Белград, „8 Септември“, Клиничката болница „Климент Охридски“ и други“, велат од Клиниката „Жан Митрев“.
Македонија
Речиси 70 проценти од пациентите се лекуваат надвор, како Влада ќе направиме сè што можеме за да спасиме човечки живот, рече Мицкоски

Секој што бил во или во близина на ужасниот настан да се јави на лекар и да побара консултација, без разлика дали чувствува некои копликации, нема тука пркосење ако сакаме да нема други ефекти што би дошле понатаму, замоли премиерот Христијан Мицкоски при посетата на повредените пациенти од пожарот во Кочани, кои се сместени во болницата ГОБ „8 Септември“ во Скопје.
„Како Влада правиме сè што можеме и ќе продолжиме за да спасиме човечки живот“.
Најави седница на Владата, на која ќе биде потврдена одлуката Владата да ги покрие трошоците на два члена на семејство за да се упатат онааму каде што се згрижени пациентите.
„Голема благодарност до лекарите, до медицинските тимови, кои вложуваат натчовечки напори и во првите моменти од ужасната трагедија да спасат човечки животи, во процесот на транспорт, голем дел, повеќе од 70-80 пациенти де надвор од државата, така што денеска и министерот за надворешни работи и надворешна трговија и министерот за здравство се наоѓаат во Солун и од таму одат во Софија да ги посетат некои од згрижените пациенти. За еден и пол час имаме седница на Владата, ќе ја потврдиме одлуката да ги покриеме трошоците на 2 члена од семејството за да појдат онаму каде што се згрижени пациентите, како и превоз и сместување.
Се слушаме со голем број европски и светски лидери, помошта стига од сите страни, а јас сум им благодарен на соседите и на сите други“, рече премиерот.