Македонија
Скопје не ја коментира Бакојани

Македонската Влада не ја коментира најновата изјава на шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани во која изрази
Македонската Влада не ја коментира најновата изјава на шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани во која изрази очекување дека Скопје и годнава нема да дбие датум за преговори со ЕУ.- Изјавата на Бакојани не заслужува коментар, изјавија денеска за Макфакс владини извори.Шефицата на грчката дипломатија во интервју за белградскиот весник „Вечерње новости“ изрази очекување дека Европската комисија во ноемврискиот извештај нема да предложи датум за почеток на преговори на Македонија со ЕУ.„Верувам во успех на преговорите за името и се согласувам дека тоа прашање мора да се реши. Но, не сум сигурна дека еврокомесарот за проширување Оли Рен ќе предложи датум за почеток на пристапни преговори“, изјави Бакојани./крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ова е победа на правдата: ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката за притвор на Јахоски

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на Кривичниот суд за определување на притвор на Асмир Јахоски, Пуцко Петрол. Ова е победа на правдата, се вели во соопштението од оваа партија.
„Само со одлуката за ставање во притвор на Јахоски е единствено исправна и очекувана за криминалот од 160 милиони евра, криминална шема во која еден од обвинетите е во бегство.
Само со исправни одлуки ќе го победиме системот кој мора да го смениме“.
Оваа одлука, според владејачката партија немало да се случи без народот жеден за правда.
„П.С Порака до целата политичко бизнис бандитска исповрзана мрежа:
Заедно со народот жеден за правда ќе ве победиме сите вас кои ја злоупотребувавте државата, сите вас кои ја доведовте Македонија до ова дереџе. Правда ќе има. Ред ќе има“, порачуваат од партијата на Мицкоски.
Македонија
Јахоски оди во притвор, Кривичен ја преиначи првичната одлука

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, изјавена против решение на судија на претходна постапка против А.Ј., а поврзано со истрагата за набавка на мазут во ТЕЦ Неготино, по одржана јавна седница како и ценење на наводите во жалбата и одговорот на жалба донесе решение, со кое:
„Мерката куќен притвор, определена со решение на судија на претходна постапка се преиначува и се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165. ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Околности кои укажуваат дека истиот може да ја попречи истрагата со влијание врз сведоци.
Донесеното решение е доставно до странките во постапката и добиено е известие од надлежната полициска станица дека лицето е обезбедено и спроведено во Истражниот затвор Скопје. Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје“ се вели во соопштението на Кривичниот суд.
Македонија
ДПМНЕ гласаат а не прочитале за што, дел од пензионерите нема да добијат покачување, велат од СДСМ

Според СДСМ, пратениците на ДПМНЕ не го ни прочитале законот кои денес неделовнички го поминаа.
Покачувањето на пензиите, според нив, не е во овој закон.
„Покачувањето на пензиите го изгласавме во септември, минатата година.
Со денешниот закон ДПМНЕ насилно и со кршење на Деловник и процедури ги поминаа измените со кои на еден дел од пензионерите нама да им биде зголемена пензијата за 2.500 денари, но и ги намалија критериумите за избор на директор, за да нивниот Мемов од коалициониот партнер ЗНАМ може да остане на таа функција“.
Дополнително, како што додаваат, денес ДПМНЕ направиле се за да му помогне на Африм Гаши и претседавачката со комисијата да не го стават на седница и да не го изгласаат Законот за бранители.
Како што истакнуваат во СДСМ, за сите прекршувања пратеничката која претседаваше со комисијата ќе добие кривична пријава.
„Тоа што пратениците од ЗНАМ и ДПМНЕ го кочат Законот за бранителите нека го објаснуваат на граѓаните. Се што кажаа досега, се излажаа“, се истакнува во реакцијата на оваа партија.