Македонија
Корупцијата табу тема за бизнисмените

Корупцијата во приватниот сектор многу малку е истражена, бидејќи македонските бизнисмени повеќе зборуваат за другата
Корупцијата во приватниот сектор многу малку е истражена, бидејќи македонските бизнисмени повеќе зборуваат за другата страна, отколку дали чесно и фер го водат својот бизнис.Ова денеска го посочи претседателот на невладината „Транспарентност – Нулта корупција“, Слаѓана Тасева, презентирајќи го најновиот глобален извештај посветен на корупцијата во приватниот сектор.„Корупцијата во приватниот сектор во Макеоднија секако дека постои, но нема конкретни податоци колку е распространета. За тоа немаме голема помош од самите бизнисмени, кои секогаш повеќе сакаат да зборуваат за државната администрација, отколку да погледнат во сопствениот двор“, посочи Тасева.„Најефикасниот начин да се справиме со коруптивното однесување во приватниот сектор е да се инсистира компаниите да го применуваат правилото на добро корпоративно работење“, истакна првиот човек на „Транспарентност – нулта корупција“.Тасева укажа на потребата од измени во Кривичниот законик со цел да се инкриминираат случаи во кои ќе се докаже коруптивно однесување внатре во приватниот сектор.Глобалниот извештај за корупцијата во приватниот сектор ги детектира најризичните аспекти, а индексот за земјите поединечно ќе биде објавен во ноември./крај/ег
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.
Македонија
Денеска сончево и топло, за викендот пониски температури

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Времето во наредните денови
Во петок и сабота во западните и северните делови ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Во петок ќе дува засилен повремено силен ветер од западен и југозападен правец. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен, долж Повардарието повремено засилен интензитет, а температурите ќе бидат во опаѓање.