Македонија
Нова лизинг компанија С – Лизинг
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/e0e2ea74-0d24-4ef3-a9fc-89318faa8c3a-1.jpeg)
Новата лизинг компанија С – Лизинг денеска ќе го означи својот старт на македонскиот финансиски пазар.
Новата лизинг компанија С – Лизинг денеска ќе го означи својот старт на македонскиот финансиски пазар.Компанијата ќе се промовира на прес конференција во Скопје, на која што ќе зборува првиот човек на С- Лизинг во Македонија, Саша Боко, како и претставникот на Штаермаркише шпаркасе банк, Герхард Мајер и директорот на Инвест банка, Владимир Ефтимоски, акционери во компанијата.Според најавите, тие ќе ги претстават бизнис плановите и целите на компанијата за 2009 – 2010 година./крај/со/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
СДСМ бара средба на сите собраниски партии за реформите во правосудството
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/sobranie.jpg)
СДСМ бара средба на сите собраниски партии за реформите во правосудството, изјави организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски.
Тој истакна дека реформите во правосудството бараат надпартиски консензус од сите чинители и парламентарни партии затоа што и самите граѓани тоа го бараат.
„Факт е дека е потребна темелна реформа во целиот правосуден систем. Оттука Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара заедничка средба на сите политички партии во Собранието. На таа средба да се изгради надпартиски консензус затоа што постои сериозна опасност доколку еднострано се настапи и ризил од повторна партизација на правосудните органи“ рече Костовски.
Опозициската партија додава дека Собранието, законодавниот дом е место кадешто се гради општ консензус и оттука повикуваат на заедничка средба на сите политички партии во Собранието.
Македонија
Секој има право да поднесе иницијатива до Собранието, но разрешувањето на Судскиот совет е предвидено единствено со закон, вели Камбовски
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot_6-2-2025_12303_www.facebook.com_.jpeg)
Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, претпладнево рече дека не е известен за инцијативата за разрешување на членовите на Судскиот совет, која премиерот Христијан Мицкоски најави дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ја поднесат во Собранието. Камбовски слушна за иницијативата од новинарите и рече дека очекува и Владата и Собранието да постапуваат законски.
„Во повеќе наврати сум дал изјави, сум дал мислења во поглед на постапка за разрешување членови на Советот. Единствено место каде што тоа е предвидено е во Законот за Судскиот совет. Иницијативи може да се поднесуваат до Собранието, секој има право да поднесува иницијативи. Сите во оваа држава работиме во согласност со законите и Уставот. Немам причина да се сомневам дека и Собранието и Владата работат во согласност со тие принципи“, рече претседателот на Судскиот совет, Камбовски.
Сѐ додека е во сила актуелниот Закон за Судскиот совет, Камбовски смета дека треба да се почитува, а за наоѓање излез од сегашната состојба вели дека е подготвен за соработка со претставници и на двете власти во земјата – законодавната и извршната.
„Очигледно постои некое незадоволство кон членовите на Судскиот совет, меѓутоа во оваа држава секоја власт мора да дејствува во согласност со законите и Уставот“, вели Камбовски.
Утрово, премиерот Христијан Мицкоски, прво, преку социјалните мрежи, а потоа и одговарајќи на новинарски прашања по посетата на обновениот Клуб на пратениците, рече дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет. Доколку пратениците изгласаат недоверба, премиерот Мицкоски очекува членовите на Судскиот совет да бидат доблесни и сами да се повлечат оти законски во моментот Собранието не може да ги разреши.
Македонија
Џафери: Застапеноста на Албанците во Армијата е на историски најниско ниво
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/talat.jpg)
Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува длабока загриженост за сериозното влошување на состојбата со застапеноста на Албанците во Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија.
Поранешниот министер за одбрана и експретседател на Собранието, Талат Џафери обвини дека последните месеци се спроведува дискриминаторска политика при што Албанците се целосно исклучени од клучните позиции, а забележан е и процес на деградирање на искусните офицери.
„Од 10 директори во новата систематизација, ниту еден не е Албанец. Од 12 советници во Министерството за одбрана, само 1 е Албанец. Од 29 раководители на сектори во министерството, ниту еден не е Албанец. Од 13 раководители на сектори во Генералштабот на Армијата, ниту еден не е Албанец. Од 30 команданти на баталјони, само 5 се Албанци. Албанските офицери со високи чинови и професионални квалификации се деградирани или отстранети од клучните позиции“, изјави Џафери.
Дополнително, според него, ситуацијата се влошила со запирање на унапредувањата на албанските офицери и подофицери, иако ги исполнуваат критериумите, систематско исклучување на Албанците од програмите за воена едукација во странство, зголемување на говорот на омраза и националистичката реторика, како што боч случајот со Културно-уметничкото друштво „Бајрам Шабани“ во касарната во Куманово.
Објви и дека ДУИ бара прекин на систематската дискриминација и враќање на правичната застапеност на Албанците на сите нивоа, деполитизација на Армијата и Министерството за одбрана, со стопирање на партиските назначувања, гарантирање на правата и достоинството на албанските воени лица, вклучувајќи еднакви можности за едукација и унапредување.
Според опозициската партија, актуелната состојба е неприфатлива и спротивна на принципите на еднаквост и евроатлантска интеграција на земјата.