Македонија
Со инвестирање Шара ќе стане интересна туристичка дестинација
Постојат предуслови за развој на туризмот на Шар Планина, но потребно е правилно инвестирање.
Постојат предуслови за развој на туризмот на Шар Планина, но потребно е правилно инвестирање. Ова е заедничка констатција на учесниците на денешната конференција насловена “Одржлив развој на туризмот на Шара”, што се одржа во Туристичкиот центар Попова Шапка. На конференцијата учествуваа министри во Владата на Република Македонија и експерти од оваа област, универзитетески професори, преставници на невладиниот сектор, планинарскиот клуб Љуботен, како и евроамбасадорот Ерван Фуере, заедно со претставници на десетина Амбасади во земјава. “Околу 150 илјади метри квадратни од Шар планина ќе бидат опфатени во рамките на предвидениот нацинален парк на овој планински регион” изјави министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи. Според него експертските тимови веќе работат на теренот околу определувањето на границите на нациналниот парк кој опфаќа делови од Македонија, Албанија и Косово. Министерот за економија Фатмир Бесими истакна дека доколку дојде до реализација на овој крупен проект, “постојат економски придобивки и за локалното население и за туристичките работници”. /крај/сс/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

