Македонија
Груевски: Разговор и меѓусебно разбирање за Енциклопедијата
Проблемот околу Македонската енциклопедија да се решава преку дијалог и меѓусебно разбирање, порача денеска од Крушево…
Проблемот околу Македонската енциклопедија да се решава преку дијалог и меѓусебно разбирање, порача денеска од Крушево македонскиот премиер Никола Груевски. Одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата на Али Ахмети дека со ова дело на МАНУ е нарушено примирјето меѓу Албанците и Македонците од 2001 година, Груевски рече дека според реакциите очигледно е дека Енциклопедијата ги навреди Албанците во Република Македонија. „Во ситуација, генерално кажано, кога има некој навреден, добро е двете страни, независно од аргументите на едната или на другата, и независно кој е во право или не е или кој како ги чувствува работите, да разговараат и преку разговор, дијалог, разбирање и взаемно почитување да дојдат до одредено решение на проблемот“, порача Груевски. Прашан дали ќе се сретне со Ахмети, премиерот Груевски одговори дека со лидерот на ДУИ имаат средби одвреме – навреме и оти тоа не е посебен проблем. /крај/кн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

