Македонија
Швајцарски грант за граѓанските организации

Програма за поддршка на граѓанското општество “CIVICA Mobilitas”, вредна 3.750.000 швајцарски франци беше промовирана денеска во Скопје.
Програма за поддршка на граѓанското општество “CIVICA Mobilitas”, вредна 3.750.000 швајцарски франци беше промовирана денеска во Скопје.Програмата финансиски е поддржана од швајцарската агенција за развој и соработка, а ќе трае во периодот од 2009 до 2011 година.Главна цел на оваа програма е зајакнување на капацитетот на граѓанските организации како и нивна одржливост.Во рамки на програмата ќе бидат поддржани организации што работат на следење на работата на органите на локалната самоуправа, што вршат надзор на финансиските, буџетските и сметководствените практики во јавните финансии, како и промоција и поддршка на одговорно работење во приватниот сектор.До грант можат да дојдат и граѓански организации чии проекти го поттикнуваат и развиваат меѓуетничкиот дијалог во сите сфери.“Сега е вистинско време НВО-ата во Македонија конечно да почнат да стануваат финансиски самоодржливи и со своите проекти да обезбедуваат средства“, изјави на презентацијата на програмата швајцарската амбасадорка во Македонија Никол Вирш. Огласот за првиот грант се очекува да биде објавен кон крајот на следната недела./крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степен.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во петок, кога се очекува локално да наврнат и над 20 l/m². Во петок ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, особено долж Повардарието.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект од ф – 80 мм на улицата Пиринска бр. 45 без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Ленинова и Чедомир Миндеровиќ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.