Контакт

Македонија

Македонски кирилични фонтови

Објавено пред

Користење на Македонски кирилични фонтови при користење на компјутер од денеска за прв пат им се овозможува на сите заинтересирани

dobivaj vesti na viber

Користење на Македонски кирилични фонтови при користење на компјутер од денеска за прв пат им се овозможува на сите заинтересирани граѓани, фирми и институции. Претставувајќи го најновиот проект на македонската влада, ресорниот министер за информатичко општество Иво Ивановски истакна дека се изработени 81 македонски кириличен фонт, од кои 40 се наменети за потребите на владата. Ивановски информираше дека сите фонтови од денеска се достапни за бесплатно преземање од веб страната на министерството. „Со овие фонтови се овозможува адекватна употреба на македонската азбука и македонското кирилично писмо во информатичката и комуникациската технологија“, изјави Ивановски. Тој посочи дека досега во секојдневното работење при користењето на постоечките македонски фонтови граѓаните најчесто користеа букви од руска или бугарска азбука. „Проблем најчесто се јавуваше при правењето „италик“ на буквите т, г, д и п, кои во голема мера отстапуваа од класичната форма која се користи во македонската азбука“, рече Ивановски . Ресорниот министер информираше и дека секој од новите македонски фонтови поддржуваат и 40 други странски јазици, а користењето на друг јазик е поедноставено и се овозможува само со комбинација на две копчиња. „Оваа мерка обезбедува комплетно системско решение за сите потреби на граѓаните и на владата од областа на типографијата и писмената комуникација“, нагласи Ивановски./крај/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Фото) Спасени се двете лица на кои им се преврте чамецот во Мавровското езеро

Објавено пред

Спасени се двете лица на кои денеска попладне им се преврте чамецот во водите на Мавровското Езеро, информираат од Центарот за управување со кризи.

dobivaj vesti na viber

Од ЦУК велат дека двете лица се извлечени и се наоѓаат во возило на Итната медицинска помош.

Во акцијата учестуваше и спасувачки хелихоптер со специјален тим од САЕ „Тигар“.

„Припадници на Специјалната антитерористичка единица Тигар и Хеликоптерската единица при МВР во координирана акција со Полициското одделение Маврово и наведените институции од водите на езерото во 15.10 часот успешно ги извлекле Х.Б.(24) и И.Р.(23), двајцата од Скопје, во контактибилна состојба, по што биле пренесени во Ургентен центар Гостивар за преглед“, известија од МВР.

Инаку, како што информираат од ЦУК, откако им се превртел чамецот, двете лица успеале да се задржат на него. Но, поради силниот ветер и брановите, со чамецот се движеле кон Хидроцентралата.

За состојбата, бил известен и директорот на ХЕЦ „Маврово“ со цел да го запре производството на електрична енергија, како би се избегнале струите во езерото и би се сопрело движењето на превртениот чамец.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски за големиот протест во Србија: Ја следиме состојбата и не се мешаме во внатрешни работи на други земји

Објавено пред

Нормално е да ја следиме состојбата во Србија. Неодговорно би било да не ја следиме состојбата со нашите соседи и врз основа на тоа сме подготвени за предизвиците. Доколку постојат такви имаме разработено сценарија, но не очекувам прелевање кај нас. Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар за случувањата во соседна Србија, каде денеска се одржува голем студентски протест, но и како ја оценува безбедноста состојба во нашата држава, односно дали случувањата во Србија можат да се рефлектираат и кај нас.

dobivaj vesti na viber

На прашањето дали е запознаен со информациите од тамошните медиуми дека структури од соседни земји на Србија, спомнувајќи ја и нашата држава, учествуваат во некакви сценарија за рушење на тамошната власт, премиерот рече дека политиката на власта е јасна, и додаде дека „не сакаме да ни се мешаат во нашите внатрешни работи, а ниту, пак, ние ќе се мешаме во внатрешните работи на која било друга земја“.

„Нашата домашна задача е наша домашна задача, а домашната задача на другите земји си е нивна домашна задача. Доколку некој побара помош од нас, советодавна, каква било, тука сме во рамкитена законите и Уставот на Македонија да овозможиме такво нешто. Доколку не, повторно ние ќе си ја гледаме нашата задача, затоа што имаме работи што треба дома да си ги решаваме. Немаме амбиција да бидеме дел од внатрешните работи на која било земја во светот“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Герасимовски: Голема акција за чистење во ООУ „11 Октомври”, хигиената на прво место

Објавено пред

Општина Центар информира дека денеска во основното училиште „11 Октомври“ се реализираше голема акција за чистење и уредување на училишниот двор, во која учествуваа ученици, наставници, родители, како и градоначалникот Горан Герасимовски.

dobivaj vesti na viber

Герасимовски, потенцираше дека оваа активност е дел од кампањата „Центар не чека, Центар чисти“, чија цел е подигнување на свеста за важноста на чистата животна средина.

„Денеска, преку заеднички труд, покажавме дека одговорноста за хигиената и уредноста на нашата околина ја носиме сите – и децата, и возрасните. Ова не е само акција за чистење, туку и едукативен момент за учениците, кои учат колку е важно да ја зачуваме природата. Среќен сум што сите активно се вклучија и ја поддржаа оваа иницијатива“, изјави Герасимовски.

Тој најави дека ваквите акции ќе продолжат и во наредниот период, со цел создавање почиста и поуредена средина за сите жители на Општина Центар.

Акцијата „Центар не чека, Центар чисти“ продолжува и во следните недели, а сите граѓани можат да пријават смет и диви депонии на телефонските броеви: 076/350-767 и 02/3203-693.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Фото) Спасени се двете лица на кои им се преврте чамецот во Мавровското езеро

Спасени се двете лица на кои денеска попладне им се преврте чамецот во водите на Мавровското Езеро, информираат од Центарот...

Македонија4 часа

Мицкоски за големиот протест во Србија: Ја следиме состојбата и не се мешаме во внатрешни работи на други земји

Нормално е да ја следиме состојбата во Србија. Неодговорно би било да не ја следиме состојбата со нашите соседи и...

Македонија5 часа

Над 160 веб-страници за нелегално коцкање ќе бидат забранети, најави Андоновски

Измените на Законот за електронски комуникации поминаа изминатата недела, потребни се седум дена да стапат на сила и да се...

Македонија5 часа

(Видео) Петрушевски: Народот на минималец, а Трендафилов синдикалецот на батерии од СДС и Левица со плата од 75.000 денари

Работниците се револтирани, затоа што додека ги манипулира Слободан Трендафилов, тој и луѓето околу него имаат месечни примања од над...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче: Мицкоски не сака реформи, туку судство по своја мерка

Заканите на премиерот дека ќе му се случел народ на судството е порака дека тој признава само судство по своја...

Македонија8 часа

(Видео) Стојаноски: Пуцко Петрол и СДС го труеле народот, преку тендери од над 180 милиони евра за 7 години

Пуцко Петрол и СДС го труеле народот, преку тендери од над 180 милиони евра за 7 години, рече денеска на...

Свет9 часа

(Фото+видео) Голем украински напад врз Русија – соборени 126 дронови

Руските власти денеска соопштија дека пресретнале 126 украински беспилотни летала во текот на ноќта, главно над нивните јужни региони Волгоград...

Регион11 часа

(Фото+видео) Пречекани студентите кои пешачеа до Белград, денеска ќе се одржи голем протест – објавена е мапа на движење

Денеска во Белград се одржува голем студентски протест под слоганот „15 за 15“, а собирот е закажан да започне во...

Македонија12 часа

Времето денеска ќе биде сончево и топло, во понеделник пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува умерен,...

Македонија1 ден

Јахоски оди во притвор, Кривичен ја преиначи првичната одлука

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција,...

Топ1 ден

Работниците копале дупка за шахта и нашле коски во дворот на амбулантата во Илинден

Коски биле најдени за време на ископ на дупка за шахта, во дворот од амбулантата во населбата Илинден. „Амбулантата во...

Македонија1 ден

Подготвителната седница за Законот за јазиците ќе се емитува во живо: „Секој граѓанин ќе гледа и слуша како ја водиме постапката“

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, на брифинг со новинарите информираше за одржување на претстојната Подготвителна седница за Законот за...

Македонија1 ден

Мицкоски: Предупредив дека народот може да се самоорганизира и да протестира, желен е за правда, не правам упад во судската власт

Најавите за протести премиерот Христијан Мицкоски вели дека се предупредување за незадоволството кај народот доколку сами не се повлечат од...

Македонија1 ден

Бугарија испрати јасна политичка порака дека не се посветени на изградбата на Коридорот 8, вели Николоски, кој алармирал во банките за пренамената на средствата

Министерот за транспорт и врски Аленсандар Николоски утрово алармирал во двете банки со кои земјава има потпишано договори за кредит...

Македонија1 ден

Ќе биде потпишан договор со многу моќна европска земја и ќе се мери во милијарди, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, информира дека очекува многу добри вести за македонските граѓани во текот на април...

Свет1 ден

Tрамп: Покварениот Џо Бајден нѐ доведе во вистински хаос со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика својот претходник, Џо Бајден, во објава на социјалните мрежи. „Покварениот Џо Бајден нè внесе...

Македонија1 ден

СДСМ: Министерката Јаневска скучила договор со „Пуцко петрол“ од 40 илјади евра

Продолжуваат партиските преписки за тоа кој, каков договор склучил со „Пуцко Петрол“, чијшто сопственик, Асмир Јахоски, е осомничен во случајот...

Европа1 ден

(Фото) Украинците оставија многу моќно оружје во Курск, Русите објавија фотографии

Кон крајот на минатиот месец, на 25 февруари, елитната руска група за беспилотни летала – Центарот за напредни беспилотни системи...

Македонија1 ден

(Видео) Стојаноски: Благодарение на СДС и ДУИ, „Пуцко петрол“ успевал за една година да го зголеми приходот 40 проценти

„Откако пред некој ден син на пратеник од ДУИ, сопственик на Пуцко петрол како мерка доби домашен притвор за случај...

Македонија1 ден

Левицата предложи 18 месеци платено породилно отсуство: Овој закон ќе ја подобри положбата на мајките и семејството и ќе создаде темели за решавање на најголемите демографски проблеми

„Во време кога Македонија се соочува со сериозна демографска криза, Левица предложи нов закон за 18 месеци платено породилно отсуство,...