Македонија
Македонија заслужува пофалби за пристапот во преговорите за името
Македонската влада треба да се пофали за подобрување на билатералната атмосфера што ќе олесни да дојде до решение на проблемот со името.
Македонската влада треба да се пофали за подобрување на билатералната атмосфера што ќе олесни да дојде до решение на проблемот со името. Ова, како што јавува Глас на Америка на македонски, на распитот во организација на Aмериканската хелсиншка комисија во Конгресот во вторникот го изјави Стујарт Џонс, американски заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања. „Имаме интензивни контакти со македонската и грчката влада за ова прашање изминатите неколку месеци, па и години. Задоволни сме од изјавите и однесувањето на македонската влада, особено изминатите осум месеци. Мислам дека македонската влада треба да се пофали за подобрување на билатералната атмосфера што ќе олесни да дојде до решение. Ќе почекаме да завршат изборите во Грција, па ќе продолжиме онаму каде застанавме и ќе ги охрабриме двете влади да тргнат напред“, кажа Џонс. Според него, Македонија ќе добие покана во НАТО веднаш откако ќе биде решен проблемот околу името со Грција. Од друга страна, Бјорн Лирвал, генерален директор за политички прашања при Министерство за надворешни работи на Шведска, смета дека спорот со Грција не треба да биде пречка за евроатлантската интеграција на Македонија. „Според Европската комисија, Македонија е близу до исполнувањето на критериумите и препораката за почеток на преговорите за членство во Унијата може да биде објавена за време на шведското претседателство со ЕУ. Земјата треба да биде наградена за реформските напори и нерешениот спор со Грција не треба да биде пречка за почеток на преговорите. Тоа прашање треба да се реши билатерално, со посредство на ОН“, рече Лирвал. /крај/воа/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.