Македонија
Македонците од Тирана со осуда на изјавата на Мајко

Македонското Друштво “ИЛИНДЕН” од Тирана најостро го осудува повикот на господинот Пандели Мајко за палење на Македонското државно знаме.
Македонското Друштво “ИЛИНДЕН” од Тирана најостро го осудува повикот на господинот Пандели Мајко за палење на Македонското државно знаме.
Во соопштението упатено до македонските медиуми, друштвото “ИЛИНДЕН” истовремено го осуди и самиот чин на палење на македонското знаме во Приштина.
„Згрозени сме од овој вандалски и нецивилизиран чин кој не доликува и нема место на тлото на Европа“, се вели во соопштението.
Македонците од Тирана сметат дека е лесно и непромислено да се запали знамето на соседот, но потребно е многу труд и храброст за да се изградат искрени и пријателски односи меѓу двата народа.
„Апелираме на промисленост и одговорност во јавните изјави од господинот Пандели Мајко. Балканот треба да се одлепи од историјата на омразата и војните меѓу народите кои никому ништо добро не донеле“, се наведува во соопштението. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Филипче: Мицкоски не сака реформи, туку судство по своја мерка

Заканите на премиерот дека ќе му се случел народ на судството е порака дека тој признава само судство по своја мерка и дека не сака ниту подобро, ниту пак независно судството, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешната прес-конференција.
„Наместо да се спроведат вистински реформи коишто сега за прв пат после толку години се на маса, ќе се протестирало, тоа е апсурд и политика без преседан. Се поставува прашањето дали ВМРО ДПМНЕ сака тоа да го направи, ставањето на партиска капка на судството, за да заштити некои свои неправилности и криминали во работењето, а ние секој ден откриваме и ќе откриваме во следниот период се повеќе и повќе и скандали“, рече Филипче.
Тој нагласи дека е недозволиво и недемократски да се користи гневот на граѓаните за, како што рече, да се присвои судството како што тоа го прави ВМРО ДПМНЕ.
„Ние сме го виделе ова сценарио, сите знаеме како завршува и како функционира судството кога ВМРО ДПМНЕ ќе го стави под свое. Вистинските промени можат да се случат само доколку се случат вистински реформи, а не со притисоци и закани“, рече Филипче.
Македонија
(Фото) Андоновски и Јорданов го означија почетокот со работа на новиот Центар за услуги во Штип

Денеска, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, го ставија во функција новиот Центар за услуги наменет за грѓаните на Штип и околината.
„Претставува исклучителна важност за нас како Министерство за дигитална трансформација што од одличната соработка со општина Штип, произлезе овој нов проект, нов Центар за услуги кој истоврмено е и меѓу првите во Македонија што го правиме во соработка со општините“, истакна Андоновски.
Министерот додаде дека вработените во министерството кои се од територија на градот Штип, од денеска се ставени во функција на граѓаните со цел поголема достапност на граѓаните до поголем број на административни услуги.
„Луѓето кои што се вработени во Министерството за дигитална трансформација одговорни за Штип ќе им издаваат административни услуги на граѓаните, токму тука, ова е еден вид собирање на сите услуги кои што се достапни на порталот да бидат достапни на граѓаните на едно место“.
Тој додаде дека интензивно се работи на нови услуги на националниот портал и наскоро очекува да се приклучат и останатите институции со цел граѓаните да имаат поголема корист и да заштедат на време.
„Мислам дека граѓаните ќе го препознаат ефектот на доближување на услугите до нивното место на живеење, и оние кои не се подготвени за онлајн аплицирање, тоа можат да го сторат со помош на вработените во овој Центар за услуги“, заклучи министерот Андоновски.
Андоновски го изрази и своето задоволство од соработката со општина Штип, и најави нови заеднички проекти помеѓу Министерството за дигитална трансформација и општина Штип.
Македонија
(Видео) Стојаноски: Пуцко Петрол и СДС го труеле народот, преку тендери од над 180 милиони евра за 7 години

Пуцко Петрол и СДС го труеле народот, преку тендери од над 180 милиони евра за 7 години, рече денеска на прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„180 милиони евра завршиле само на сметката на Пуцко Петрол, без притоа да се пресметаат 167 милиони евра за мазутот кој преку РКМ е испорачан до ЕСМ, т.е. РЕК Битола и ТЕЦ Неготино. Доколку се погледне целата сума се доаѓа до обрт од над 350 милиони евра кои СДС им ги овозможила на Пуцко Петрол, Јахоски и РКМ. Имено, Асмир Јахоски, Пуцко Петрол, од СДС како централна и локална власт за 7 години добил над 180 милиони евра во тендери. Пуцко Петрол 30 години имал статус на бела мечка во македонското општество, дозволено му било преку тендери да внесува што сака и како сака“, истакна пратеникот.
Според Стојаноски, сега, во време на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се стави крај на, како што рече, неговото криминогено однесување.
„И СДС, освен да молчи и да стои со наведната глава, нема право буква една да изусти. Затоа што криминалите ги правел во нивно време и тие го толерирале, нивниот судско обвинителски систем му ги намалува сега мерките за обезбедување присуство. Тоа е истиот систем кој СДС го брани, а почива на погрешните кадри во Судскиот совет. СДС свесно го толерирале Пуцко Петрол. И овозможиле Пуцко Петрол и РКМ во набавка на мазут да свртат стотици милиони евра, за што главна асистенција им правел директорот на ЕСМ во бегство, Васко Ковачевски. Пуцко Петрол и Асмир Јахоски беспрекорно функционираат на државните тендери додека СДС владее и во значаен дел од тендерите тие се и единствен понудувач. Разработената шема на Пуцко Петрол и СДС ги чини граѓаните и живот. Секогаш кога ќе помислиме на загаден воздух, тука е Пуцко Петрол и РКМ да не потсетат зошто е тоа така, но и кој е причината, која не смее да се повтори“, вели Стојаноски.