Македонија
Стотина апсолвенти протестираат за ваучери

Стотина апсолвенти денеска протестираа на плоштадот Македонија со барање да се дадат ваучери за компјутери веднаш
Стотина апсолвенти денеска протестираа на плоштадот Македонија со барање да се дадат ваучери за компјутери веднаш.
Тие се упатија кон Владата на Македонија, каде, како што претходно најавија ќе побараат средба со министерот за информатичко општество и писмен документ со краен рок за ваучерите не подолг од февруари март.
Координативното тело на Ти си Апсолвент – Ваучер вчера имаше средба со министерот Ивановски, кој ги увери апсолвентите од учебната 2009/10 година дека ќе ги добијат ваучерите, но не во текот на календарската 2009 година.
По ова дел од апсолвентите ги откажаа протестите, а дел од нив денеска излегоа на улица./крај/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Mozzart ја продолжува мисијата „Фудбалот е повеќе од игра“ – Велес добива нов мини пич терен!

По одличниот успех во Охрид, иницијативата на Mozzart „Фудбалот е повеќе од игра“ триумфално пристигнува во срцето на Велес.
Градот добива современ фудбалски терен, кој гордо ќе го носи името на легендарниот Панче Ќумбев – велешанец кој го симболизира спортскиот жар, неуморна посветеност и љубовта кон играта.
Свеченото отворање ќе се одржи на вторник, 22 јули 2025 година, во 18:00 часот. Локација: Улица Петре Прличко бб
„Ги покануваме сите љубители на спортот, младите, семејствата и заедницата да ни се придружат во овој радосен момент и заедно да славиме нов почеток” порачуваат од компанијата Mozzart, која повторно го докажува своето силно залагање за развојот на спортот, поддршка на младите таленти и збогатување на локалната заедница.
Фудбалот има моќ да нè зближи, да нè мотивира, и да нè научи дека заедно можеме да постигнеме нешта поголеми од било каков резултат – и на теренот, и надвор од него.
Ајде да аплаудираме за иднината, за тимскиот дух и за секој гол што инспирира нова генерација. Фудбалот навистина е повеќе од игра – тоа е животна лекција во движење!
Акцијата „Фудбалот е повеќе од игра“ започна минатата година во Србија, каде што досега беа отворени пет мини-пич терени посветени на легендарни фудбалери.
Почетниот удар го изведе селекторот на репрезентацијата на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, а потоа свои терени добија и славниот ас на Црвена звезда Александар Катаи, репрезентативците Александар Митровиќ и Страхиња Павловиќ, како и капитенот на Нови Пазар, Адем Љајиќ.
Проектот потоа се прошири и во Македонија, а првиот терен во Охрид го доби името на локалниот херој Гоце Толески.
ПР
Македонија
(Видео) Лефков: СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарија за лични интереси

„СДС и Венко Филипче немаат намера со програма да се наметнат, ниту со проекти да ја добијат поддршката на граѓаните. СДС и Венко Филипче имаат намера со ветување за распродавање на националните интереси да дојдат на власт“, кажа Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Силната брана за нивните намери е ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Микцоски, и затоа се сите напади во изминатиов период, но и нападите со лаги и фабрикации кои ќе следат, намерата е да се ослабне ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, со надеж дека така ќе дојдат на власт и лесно ќе ги распродаваат националните интереси.
Секогаш целта заради која се распродаваат националните интереси се пари.
Да потсетиме СДС е партијата која зад промената на името го сокри милионскиот и колосален грабеж на државата.
Венко Филипче и семејството Заеви добија, но Македонија изгуби.
Така и овој пат, СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарските интереси, а за возврат чекаат милионски зделки.
СДС и Венко Филипче прават се исклучиво од личен интерес, а државата и нејзините интереси ги претвораат во средство. Ги повикуваме граѓаните будно да ги следат случувањата, зошто јасно ќе препознаат се од ова што кажавме“, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) „Во мандатот на Шукова во МЖСПП бевме труени со отровен мазут, СДС и Каја губат во прв круг“, вели Манасиевски

„СДС И Каја Шукова губат во прв круг, во мандатот на Шукова во МЖСПП бевме труени со отровен мазут. Кој може да очекува од жената која дозволи систематско труење во Скопје и Македонија, и не кажа ниту збор, дека баш сега би направила нешто за подобар воздух“, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Многу е јасно, Шукова имаше време да направи нешто, да се издвои, но таа својот мандат како министер го преспа во шинелот на Заев, аминувајќи го загадувањето, за бизнис интереси.
Шукова е лице на трулата политика на СДС изминатите 7 години додека беа на власт.
Секој скопјанец кога ќе ја види Каја Шукова му текнува на Заев, провизиите за јаглен и набавката на отровен мазут.
Каја Шукова беше министер кој можеше да крене глас, но таа избра да молчи и дозволи и Скопје и Македонија систематски да бидат труени.
Во октомври, Каја Шукова ќе биде испратена во трајна политичка пензија. Скопје го очекува многу труд и многу работа со Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.