Македонија
ЗНМ со реакција за пресудите на новинари

Здружението на новинарите на Македонија(ЗНМ) бара од судиите да го почитуваат законот и да судат според словото на законите и правото.
Од ЗНМ реагираат на практиката да им суди и пресудува на македонските новинари, не затоа што напишале лаги и клевети, туку затоа што судот – судијата смета оти новинарот треба да биде казнет. „Тоа деновиве се случи со колешката Маја Михајловска, која не беше ни сослушана што има да изјави во своја одбрана – основно човеково право, а нешто слично му се случи и на новинарот Гоце Ристовски кој во функција на сведок бил довлечкан во Судот како последен криминалец“, се вели во реакцијата на ЗНМ. ЗНМ изразува готовност да организира средба со судиите и обвинители и да ги спротивстави аргументите за ваквиот начин на делење правда. „Немојте да нè принудувате правдината да ја бараме на улиците или уште полошо, во европските судови. Веруваме добро ви е познато какво е мислењето таму за нашето независно судство“, стои во рекацијата на ЗНМ. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Mozzart ја продолжува мисијата „Фудбалот е повеќе од игра“ – Велес добива нов мини пич терен!

По одличниот успех во Охрид, иницијативата на Mozzart „Фудбалот е повеќе од игра“ триумфално пристигнува во срцето на Велес.
Градот добива современ фудбалски терен, кој гордо ќе го носи името на легендарниот Панче Ќумбев – велешанец кој го симболизира спортскиот жар, неуморна посветеност и љубовта кон играта.
Свеченото отворање ќе се одржи на вторник, 22 јули 2025 година, во 18:00 часот. Локација: Улица Петре Прличко бб
„Ги покануваме сите љубители на спортот, младите, семејствата и заедницата да ни се придружат во овој радосен момент и заедно да славиме нов почеток” порачуваат од компанијата Mozzart, која повторно го докажува своето силно залагање за развојот на спортот, поддршка на младите таленти и збогатување на локалната заедница.
Фудбалот има моќ да нè зближи, да нè мотивира, и да нè научи дека заедно можеме да постигнеме нешта поголеми од било каков резултат – и на теренот, и надвор од него.
Ајде да аплаудираме за иднината, за тимскиот дух и за секој гол што инспирира нова генерација. Фудбалот навистина е повеќе од игра – тоа е животна лекција во движење!
Акцијата „Фудбалот е повеќе од игра“ започна минатата година во Србија, каде што досега беа отворени пет мини-пич терени посветени на легендарни фудбалери.
Почетниот удар го изведе селекторот на репрезентацијата на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, а потоа свои терени добија и славниот ас на Црвена звезда Александар Катаи, репрезентативците Александар Митровиќ и Страхиња Павловиќ, како и капитенот на Нови Пазар, Адем Љајиќ.
Проектот потоа се прошири и во Македонија, а првиот терен во Охрид го доби името на локалниот херој Гоце Толески.
ПР
Македонија
(Видео) Лефков: СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарија за лични интереси

„СДС и Венко Филипче немаат намера со програма да се наметнат, ниту со проекти да ја добијат поддршката на граѓаните. СДС и Венко Филипче имаат намера со ветување за распродавање на националните интереси да дојдат на власт“, кажа Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Силната брана за нивните намери е ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Микцоски, и затоа се сите напади во изминатиов период, но и нападите со лаги и фабрикации кои ќе следат, намерата е да се ослабне ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, со надеж дека така ќе дојдат на власт и лесно ќе ги распродаваат националните интереси.
Секогаш целта заради која се распродаваат националните интереси се пари.
Да потсетиме СДС е партијата која зад промената на името го сокри милионскиот и колосален грабеж на државата.
Венко Филипче и семејството Заеви добија, но Македонија изгуби.
Така и овој пат, СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарските интереси, а за возврат чекаат милионски зделки.
СДС и Венко Филипче прават се исклучиво од личен интерес, а државата и нејзините интереси ги претвораат во средство. Ги повикуваме граѓаните будно да ги следат случувањата, зошто јасно ќе препознаат се од ова што кажавме“, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) „Во мандатот на Шукова во МЖСПП бевме труени со отровен мазут, СДС и Каја губат во прв круг“, вели Манасиевски

„СДС И Каја Шукова губат во прв круг, во мандатот на Шукова во МЖСПП бевме труени со отровен мазут. Кој може да очекува од жената која дозволи систематско труење во Скопје и Македонија, и не кажа ниту збор, дека баш сега би направила нешто за подобар воздух“, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Многу е јасно, Шукова имаше време да направи нешто, да се издвои, но таа својот мандат како министер го преспа во шинелот на Заев, аминувајќи го загадувањето, за бизнис интереси.
Шукова е лице на трулата политика на СДС изминатите 7 години додека беа на власт.
Секој скопјанец кога ќе ја види Каја Шукова му текнува на Заев, провизиите за јаглен и набавката на отровен мазут.
Каја Шукова беше министер кој можеше да крене глас, но таа избра да молчи и дозволи и Скопје и Македонија систематски да бидат труени.
Во октомври, Каја Шукова ќе биде испратена во трајна политичка пензија. Скопје го очекува многу труд и многу работа со Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.