Македонија
Министерот Бајрами во посета на градинката ,,Детска Радост,“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/84ecf311-70b5-4927-b9ad-012708efc02e-2778.jpeg)
Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, денеска, по повод почетокот на Детската недела, ќе ги посети децата
Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, денеска, по повод почетокот на Детската недела, ќе ги посети децата од градинката ,,Детска радост,, каде што е сместен и Дневниот центар за деца со посебни потреби.Децата од градинката и од дневниот центар по повод Детската недела ќе одржат заеднички ,,Игри без граници,, со што симболично ќе ја одбележат светската недела на детето којашто трае од 5 до 11 октомври./макфакс/.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Мицкоски: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/04022025_Mickoski_pres_2.jpg)
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски преку објава на социјалните мрежи извести дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет.
„На државата и граѓаните им е потребна правда, а правда може да се добие со длабоки реформи и сериозни промени наспроти досегашните пракси на злоупотреби кои имаат пуштено длабоки корени во системот.
Македониjа мора да се бори против своето корумпирано мочуриште кое jа држи заробена и заложник и е причина за неjзино пропаѓање и разочарување кај многу од граѓаните. Затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет, кој според мое длабоко убедување е дел од системот кој останува главното упориште на корупцијата, неправдите и разочарувањата. Македониjа мора да победи!“, напиша Мицкоски.
Македонија
Меџити на Безбедносниот форум во Вашингтон: Македонија ќе продолжи да придонесува за глобалниот мир
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/im-washington1.jpg)
Во рамки на официјалната посета на Вашингтон, првиот потпретседател на Владата Изет Меџити учествуваше на Меѓупарламентарниот безбедносен форум што го организираа конгресмените Пит Сешнс и Роберт Адерхолт.
На овој форум се разговараше за безбедносни прашања за Западен Балкан и за Европската Унија, со фокус на потребата од зајакнување на одбранбените институции и зголемен ангажман на земјите од регионот во НАТО.
Во својот говор пред учесниците на Меѓупарламентарниот безбедносен форум, Меџити истакна дека поддршката на Соединетите Американски Држави за одбранбениот сектор на Западен Балкан, по кризата предизвикана од војната во Украина, била и останува клучна.
„Северна Македонија ќе продолжи да придонесува за глобалниот мир и безбедност, како одговорен актер и извор на извоз на регионалниот мир“, истакна првиот вицепремиер Изет Меџити.
Инаку, на овој форум учествуваа и претседателката на Косово, Вјоса Османи и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кои ги споделија своите искуства во безбедносните предизвици.
Скопје
Кисела Вода организира тримесечна акција за собирање кабаст отпад
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/kabast-otpad.jpg)
Во насока на заштита на животната средина и овозможување на граѓаните бесплатно да се ослободат од непотребниот кабаст отпад и шут, Општина Кисела Вода преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита, во соработка со Министерството за животна средина, организира тримесечна акција за собирање на кабаст отпад. Оваа акција е дел од акцискиот план на Владата за почист воздух.
Акцијата ќе започне за две седмици и ќе се одвива во текот на месеците февруари, март и април, во периодот од 15-ти до 20-ти во секој од овие месеци. За граѓаните ќе бидат обезбедени по две локации во секоја населба и населено место, каде што ќе можат да го изложат својот кабаст отпад и шут. Секое одложување надвор од дефинираните локации ќе биде санкционирано од страна на инспекциските служби на Општината, велат од општината.
Општина Кисела Вода и досега редовно организираше вакви акции, но оваа е прва што ќе трае цели три месеци, со што се овозможува поширока и подетална акција за расчистување на непотребниот отпад. Правилното складирање и управување со отпадот е од клучно значење за зачувување на животната средина и здравјето на граѓаните. Несоодветното одложување на кабастиот отпад доведува до загадување и создавање на диви депонии, кои дополнително го загрозуваат квалитетот на воздухот, почвата и водите. Затоа, ги повикуваме сите граѓани совесно да се однесуваат и да го одложуваат отпадот само на предвидените локации, додаваат од општината.
„Општина Кисела Вода посветено работи на зачувување на животната средина и унапредување на условите за живот на нашите граѓани. Оваа тримесечна акција за собирање на кабаст отпад е уште еден доказ за нашата континуирана грижа за екологијата. Со оваа акција им даваме можност на жителите да се ослободат од стариот мебел, апарати, градежен шут и друг кабаст отпад на легален и организиран начин. Со поставување на определени локации за одложување, спречуваме создавање на диви депонии и непотребно загадување на околината. Дополнително, нашите екипи ќе вршат редовни контроли за да обезбедат правилно почитување на акцијата. Во исто време, во тек е генерално чистење на oпштината, каде што се собира комунален отпад од сите населби и населени места. За жал, сведоци сме дека меѓу овој отпад се наоѓа и големо количество кабаст отпад и шут, што укажува на тоа дека сè уште има граѓани кои не го почитуваат законот за животна средина. Затоа, апелирам до сите да ја искористат оваа акција, да го одложуваат отпадот на предвидените места и да дадат свој придонес кон почиста и поубава Кисела Вода. Само со заеднички напори можеме да ја зачуваме нашата општина уредна и еколошки одговорна“, изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.