Македонија
Македонија и Бугарија заеднички до средства од ИПА фондовите

Информативен ден за првиот повик за проекти за прекугранична соработка со Бугарија, ќе се одржи денеска во Струмица.
Информативен ден за првиот повик за проекти за прекугранична соработка со Бугарија, ќе се одржи денеска во Струмица. Станува збор за проекти кои што ќе бидат финансирани со средства од ИПА фондовите на Европската Унија (ЕУ).
Како што соопшти Министерството за локална самоуправа, вкупните средства кои што стојат на располагање во овој проект за двете држави се 4.131.652 евра, а само за Македонија се предвидени 1.836.000 евра.
Проектните предлози треба да се насочени кон две области: економски развој и социјално зближување, како и подобрување на квалитетот на живеење.
На македонска страна овој регион опфаќа 27 општини од Североисточниот, Источниот и Југоисточниот статистички регион, а на бугарска страна, 23 општини од областите Благоевград и Ќустендил. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ дозволиле криминал од 167 милиони евра, воедно истиот бил и канцероген

СДС и ДУИ додека ја водеа владата, наместо да мислат за граѓаните и нивно подобро утре, а воедно и добро на државата, тие гледале како да крадат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и ДУИ кои дозволиле криминал од 167 милиони евра, воедно истиот бил и канцероген.
Со конкретниот тендер за мазут за ТЕЦ Неготино направиле две криминални дела, кражба на народни пари и труење на народот.
Притоа, лицата кои се дел од оваа мрежа се избегани, како Васко Ковачевски, а синот на пратеникот од ДУИ сопственик на Пуцко Петрол, едвај после жалби доби мерка притвор.
Оваа шема на СДС со години ги крадеше народните пари, а дел од тендерите како еден од многуте во вредност од 22 милиони евра го субвенционирала и самата влада со сума од 15 милиони евра.
СДС и ДУИ имаа обид, преку своите инсталации во правосудниот систем, да ги штитат споменатите лица кои правеле криминални дела.
Поминува времето во кое се штитеа криминалците, Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ воспоставува ред и работи во корист на граѓаните“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Времето денеска ќе биде сончево и топло, во понеделник пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Во попладневните и вечерните часови во северозападните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
Минималните температури ќе се движат од 1 до 8, а максималните од 15 до 27 степени Целзиусови.
Во Скопје денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде 7, а максималната 27 степени.
Според УХМР, утре локално, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Во вторник ќе има опаѓање на температурата и се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури.
Скопје
Дел од Студеничани без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект на затварач од ф – 200 мм на ул. 7 б.б во село Батинци, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од селата Батинци и Љубош. ( општина Студеничани )