Македонија
Државен советник во МО приведен заради поткуп
Државниот советник во министерството за одбрана (МО) Г.А. (39) е приведен поради земање поткуп
Државниот советник во министерството за одбрана (МО) Г.А. (39) е приведен поради земање поткуп.
Министерството за внатрешни работи соопшти денеска дека поднело кривична пријава против Г.А. од Скопје за кривично дело „противзаконско посредување“, а од оштетениот побарал и земал парична награда од 700 евра.
Г.А. посредувал за лице кое што сакало да биде префрлено од насоката „заштита и спасување“ на насоката „Студии за питомци“ во Воената академија во Скопје, за што од оштетениот побарал 2.400 евра.
Оштетениот, кој конкурирал за упис на Воената Академија при испитувањето на телесното и физичкото здравје во воената болница во Скопје, случајно се запознал до Г.А., кој му понудил помош.
Оштетениот по телефон побарал од Г.А. да му помогне да се префрли на насоката за студенти-питомци. Тој му ветил дека ќе му помогне ако му даде 400 евра веднаш да ги почести луѓето што ќе ја завршат работата, а уште 2.000 евра кога ќе биде префрлен на посакуваната насока.
По ова оштетениот, случајот го пријавил во полиција, која презела мерки за докажување на делото. Оштетениот во среда на државниот советник во министерството за одбрана му дал обележани 400 евра, по што тој веднаш е приведен. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

