Македонија
Б.Димитров – Тивка дипломатија и притисок за ослободување на Спаска
За ослободувањето на Спаска Митрова се водеше тивка дипломатија во рамки на која беше вршен сериозен притисок од бугарскиот премиер врз неговиот…
За ослободувањето на Спаска Митрова се водеше тивка дипломатија во рамки на која беше вршен сериозен притисок од бугарскиот премиер врз неговиот македонски колега.
Ова денеска го изјави бугарскиот министер без ресор, Божидар Димитров во интервју за телевизијата „Бтв“.
Димитров изјави дека за ослободувањето на Митрова по пат на тивката дипломатија, бил вршен многу сериозен притисок од премиерот Бојко Борисов, кој неколку пати со категоричен тон побарал во разговор со македоскиот колега Никола Груевски, таа да биде ослободена.
Министерот Димитров, кој е познат по неговите контроверзни изјави за бугарско-македонските односи, наведе дека Спаска Митрова не е за жал ниту првиот, ниту последен случај на бугарски државјанин осудуван поради националното чувство.Случајот Спаска Митрова, за нас не е затворен додека таа не си го врати детето и не дојде на лекување во Бугарија, каде има подготвеност да бидат примени во воената болница во Софија.
Гевгеличанката Спаска Митрова, која има бугарско државјанство, во средата беше пуштена од затворот во Идризово, дваесет дена порано од тримесечната казна која ја издржуваше.
Таа беше осудена поради непочитување на судска одлука да му дозволи на поранешниот сопруг да ја посетува нивната ќерка.Случајот веднаш доби политичка димензија и предизвика дипломатски несогласувања помеѓу Бугарија и Mакедонија, а Софија тврди дека таа била осудена само затоа што е Бугарка. /крај/бг/мс/ег
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

