Македонија
Билатералните спорови да не пречат на интеграциите
Претседателот на Хрватскиот сабор Лука Бебиќ подвлече дека билатералните спорови не можат да бидат пречка за евроатлантските интеграции
Претседателот на Хрватскиот сабор Лука Бебиќ подвлече дека билатералните спорови не можат да бидат пречка за евроатлантските интеграции. Бебиќ овој став и го пренел на делегацијата на македонското Собрание, предводена од претседателот Трајко Вељаноски, која е во официјална посета на ХрватскаВељаноски на средбата го поздрави неодамнешниот договор меѓу Хрватска и Словенија, со кој и е овозможено на Хрватска да ги продолжи преговорите со ЕУ. Со ова и двете страни покажаа дека не само декларативно, туку и фактички ги почитуваат европските стандарди, а во истовреме и одговорност за иднината на ЕУ. Република Македонија очекува врз постигнатите резултати во извештајот на ЕК, кој треба да се објави наскоро, да добие препорака за датум за започнување на преговорите, истакна Вељаноски, соопшти прес службата на СобраниетоМакедонската делегација оствари средби и со шефовите на државата и владата Стјепан Месиќ и Јадранка Косор./крај/с/ил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

