Македонија
Загинаа двајца службеници од МВР во браната Калиманци

Двајца службеници во Министерството за внатрешни работи (МВР) загинаа во сообраќајна несреќа, кога нивното возило
Двајца службеници во Министерството за внатрешни работи (МВР) загинаа во сообраќајна несреќа, кога нивното возило од засега непознати причини, слетало во браната Калиманци.
Портпаролот на СВР Штип, Снежана Санева, за Макфакс изјави дека возилото во браната слетало вчера, во засега неутврдено време.
Во сообраќајката загинале Ирена К.Д. (29), правник во МВР и Миладин П (56) возач, кои вчера службено патувале во Делчево. Возилото „Шкода октавиа“ во сопственост на МВР, излетало од патот Штип – Делчево во браната, на еден километар од селото Истибање.
Автомобилот и телата на починатите се извадени утринава. Телата се пренесени на обдукција во Општа болница Кочани.
Извршен е увид на местото и во тек е утврдување на причините за несреќата./крај/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова: Работниците и синдикатите со право протестираат за повисоки плати и пошироки права

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот:
Денеска го славиме 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, ги славиме оние кои работат вредно, посветено и пожртвувано, како и сите оние кои оставиле историски печат во долгата и тешка борба за вреднување на работничкиот труд и почитување на работничките права.
На овој ден им оддаваме заслужена посебна почит и признание на работниците – генерации и генерации на мнозинството луѓе со најголем придонес во создавањето и изградбата на државата и општествените вредности.
Први мај е ден кога работниците и синдикатите со право протестираат за повисоки плати и пошироки права, потенцирајќи го социјалниот карактер на македонската држава што има уставна обврска да води сметка за хуманизмот, социјалната правда и солидарноста како темелни вредности на уставниот поредок.
Први мај е вистинскиот ден кога ние, носителите на власта треба да се запрашаме: дали и како се остварува правото на работа, дали секој има слободен избор на вработување, дали вработените се заштитени при вработувањето, дали се соодветно материјално обезбедени при невработеност, дали секому под еднакви услови му е достапно секое работно место, дали заработувачката е соодветна на трудот, дали секој вработен има право на дневен, неделен и годишен одмор, дали се почитуваат колективните договори?
Пред нас се многу проблеми и дилеми што мора да се надминат.
Социјалната правда не смее да се применува селективно, ниту да се перцепира како недостижен идеал. Таа е невозможна без соодветно вреднување на човековиот труд и без уважување на работничкото достоинствено. Тоа подразбира правична плата, квалитетни услови за работа, безбедност и сигурност во работењето, можност за надградување и напредување.
Во демократски политички систем мора да се слуша гласот на работникот, да се почитува синдикалното организирање и правото на штрајк, да се негува социјалниот дијалог, да се гради партиципативна демократија.
Убедена сум дека само задоволниот работник може да биде продуктивен, ефикасен и ефективен.
Да го чуваме и да вложуваме во нашиот највреден ресурс – човекот!
Честит 1 Мај – Денот на трудот!
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Левица да каже како од левичарска партија се стекна со имот вреден 1 милион евра за 400 000 евра

Партија која гласно се претставува како борец за правда наеднаш се здобива со имот кој вреди 1 милион евра, а Апасиев го купува за 400 000 евра, и притоа манипулира како тоа било подрум, подрум од 409м2, реагира ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на Левица.
„Левица глумат револуционери и како тие ќе го ‘спасат’ системот преку театрални настапи, кои инаку се популистички, а зад кулисите прават зделки за моќ, привилегии и удобност.
Колку од нивната гласна идеологија е продадена со тој договор?
Нивното “храбро“ однесување претставува само обид за да го одвлечат вниманието на граѓаните, додека тие самите тивко се интегрираат во системот, и си ги продаваат тие идеали позади кои тврдат дека стојат.
Додека нивните членови јавно ги напуштаат преку фејсбук објави, Апасиев купува имот вреден тројно повеќе, во центар на Скопје од 409м2, и лаже дека купил подрум и си го манипулира членството, за притоа да пие кафе во истиот објект каде другар му отвори кафуле.
Од “борци“ станаа пиуни со двојни стандарди и ја претворија Левица во приватна сопственост. Партија која тврди дека се бори против елитизам сега има лидер елитист.
Левица да каже од каде им се средствата и како се вклопуваат во сликата на антикапиталистичка партија, многу лесно ги променија боите, а можеби само левичарската црвена на Апасиев не била ништо повеќе од костим“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Платите во Македонија се мизерни“ – синдикалците побараа минимална плата од 500 евра

Платите во Македонија се мизерни и не се зголемуваат онака како што е предвидено со колективните договори. Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) на првомајскиот протест повика на зголемување на платите за работниците. Беа побарани достоинствени услови за работа и почитување на колективните договори.
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, рече дека работниците имаат многу причини да протестираат, а малку да празнуваат.
„Денеска протестираме за плата, денеска одиме пред Собрание, Стопанска комора и Влада да кажеме дека бараме 500 евра минимална плата, дека бараме за 100 евра зголемување на сите останатите плати, да бараме почитување на колективните договори за зголемување на платите и дека бараме пристојна плата за секоја работа“, истакна Трендафилов.
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) претходно најави дека нема да учествува на протестот, бидејќи претседателот Благоја Ралповски смета дека во земјава има добар социјален дијалог и дека проблемите секогаш се решаваат на маса.