Македонија
Коморите на Скопје и Истанбул ја зајакнуваат соработката

Договор за продлабочување на меѓусебната соработка потпишаа денеска Регионалната комора на Скопје и Индустриската комора на Истанбул
Договор за продлабочување на меѓусебната соработка потпишаа денеска Регионалната комора на Скопје и Индустриската комора на Истанбул.
Претседателот на Регионалната комора на Скопје, Горан Рафајловски информираше дека повеќе турски компании биле заинтересирани за влез во Македонија, особено во инфраструктурата, енергетиката и текстилната индустрија.
„Македонија и Турција не треба да се натпреваруваат кој ќе оствари поголем суфицит во меѓусебната трговска размена, туку треба компаниите од двете земји да се здружат во заеднички инвестиции во Македонија“, порача Рафајловски.
Членот на Управниот одбор Индустриската комора на Истанбул, Бујук Конанџ истакна дека целта на оваа посета меѓудругото е да се скенира бизнис климата во Македонија, за што ќе бидат брифирани заитересираните членови на комората .
Таа истакна дека Индустриската комора на Истанбул околу 15.000 членови и е поделена на 56 сектори. /крај/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје
Герасимовски: Во тек е јавниот повик за доделување 10 илјади денари субвенција на младите центарци за полагање возачки испит

Општина Центар информира дека во тек е јавниот повик за доделување субвенции на младите центарци за полагање на возачки испит Б-категорија. На овој повик може да се пријават сите млади лица кои во текот на 2025 година ќе наполнат 18 години, односно родени се во 2007 година и живеат на подрачјето на општината најмалку една година.
Субвенцијата изнесува 10.000 денари и е наменета исклучиво за покривање на трошоците за возачкиот испит во автошколи кои се регистрирани во Општина Центар.
Градоначалникот Горан Герасимовски нагласува дека овој проект има за цел да ги поттикне младите кон одговорно и безбедно учество во сообраќајот, стекнувајќи ги неопходните знаења и вештини под водство на професионални инструктори.
„Безбедноста во сообраќајот е најважна! Затоа е клучно младите да се обучуваат од искусни инструктори и од самиот почеток да развијат свест за одговорно возење. Со оваа мерка, им помагаме да станат безбедни и внимателни учесници во сообраќајот. Управувањето на возило без возачка возвола е недозволиво”, потенцира Герасимовски.
Доставата на барањата се врши во архивата на Општина Центар – Скопје (барака бр. 6), од 09:00 до 15:00 часот, со приложување на следните документи: барање за субвенција, копија од лична карта, копија од трансакциска сметка, доказ за извршена уплата во автошкола и доказ дека автошколата е регистрирана на подрачје на Општина Центар.
Јавниот повик ќе трае сè до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Центар, односно до 31.12.2025 година.
Македонија
Институтот „интерпелација”во никој случај не може да се примени за уставните судии, тоа е упад во самостојноста велат од Уставниот суд

По медиумскиот интерес за став од Уставниот суд во врска со т.н. интерпелации на уставни судии, Судот информира дека Уставот на Република Северна Македонија не предвидува никаква можност за разрешување на уставен судија ниту од страна на законодавната, ниту од извршната власт.
Уставниот суд како орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста, додаваат во соопштението, не подлежи на начелото на поделба на власта.
„Уставотворецот го поставил Уставниот суд над трите власти затоа што тој е контролор на нивните постапки акти и дејствија.
Самостојноста и независноста на Уставниот суд и уставните судии имаат најсилна уставна гаранција.
Уставот не му дозволува на Собранието на Република Северна Македонија со законски решенија на било кој начин да влијае на надлежностите, начинот на избор, престанокот на функцијата на уставните судии. Овластувањето на Собранието завршува со моментот на избор на уставните судии. Институтот „интерпелација” предвиден во членот 72 од Уставот, во никој случај не се однесува и не може да се примени за уставните судии. Во спротивно, се губи смислата на Уставниот суд и се прави тешка повреда на Уставот од причина што на тој начин се прави упад во четвртата т.н.уставно-судска власт, во самостојноста и во независноста на Уставниот суд“.
Појаснуваат дека основите за престанок на функцијата уставен судија се предвидени во членот 111 од Уставот.
„Секоја постапка или дејствие преземено надвор од оваа уставна одредба би претставувало грубо кршење на Уставот, повреда на уставните гаранции за самостојноста и независноста на Уставниот суд.
Уставниот суд укажува, до сите државни органи, дека се должни да се придржуваат на, со Устав утврдените надлежности, бидејќи никој нема повеќе права од оние коишто Уставот му ги доделува. Секој е должен да ја унапредува уставната, правната и политичата култура како основи на едно демкратско општество. Секој е должен да го почитува Уставот“.
Македонија
Мицкоски: Образованието е наш фокус, во моментот се градат 7 училишта, а ќе направиме реевалуација на проектите за изградбата на зградите на ФИНКИ и ФФК

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос најавените инвестиции во образованието и подобра инфраструктура, изјави:
„Апсолутно, образованието е наш главен фокус и наша главна цел, во моментот се градат седум училишта, уште неколку се реконструираат. Продолжуваме да инвестираме во образованието. Пред неколку дена имав состанок со министерката за образование. Ќе направиме реевалуација на проектите коишто се поврзани со изградба на зградите на двата факултета ФИНКИ и ФФК.
Очекувам оваа година да биде распишан тој тендер, очекувам да биде распишан тендерот за изградба на Кампусот „Мајка Тереза“, така што образованието е нешто коешто претставува за нас навистина една голема и значајна инвестиција.
И со задоволство можам да кажам пред овој настан добив информација од страна на пратеникот Александар Вељановски од Тетово дека општествено одговорна компанија ќе го донира реконструирањето на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово и набргу таа донација ќе биде ставена на дневен ред на Советот во Општина Тетово. Така што уште една неправда од минатото ќе биде исправена.“