Македонија
Симулациона вежба за сообраќајна несреќа со многу повредени

Голем број санитетски возила со медицински тимови учествуваа денеска во симулационата вежба „Автобуска несреќа со голем број повредени“
Голем број санитетски возила со медицински тимови учествуваа денеска во симулационата вежба „Автобуска несреќа со голем број повредени“ што се спроведе на автопатот Скопје – Велес, кај наплатната рампа Петровец.
Вежбата се однесуваше на превртен патнички автобус, при што бројот на повредени патници изнесува 20 лица.
Учесниците кои симулираа повреди беа префрлени во Универзитетската Клиника за хируршки болести. Таму се активираше Планот за одговор при вонредни/кризни состојби на ниво на болница.
Вежбата е организирана во рамки на двегодишниот договор за соработка меѓу Министерството за здравство и Светската здравствена организација, како дел од приоритетот – Здравствена сигурност, подготвеност со вонредни настани и одговор.
Во симулационата вежба учествуваа Итна медицинска помош-Скопје, ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Наум Охридски“-Скопје, Министерство за внатрешни работи, Црвен крст на Република Македонија, Институт за јавно здравје и Министерство за здравство./крај/со/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Непречен сообраќај по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Дел од неколку населби во Скопје без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од делови од улиците: Богомилски Поход, Благоја Мучето, Тодор Чангов и Ѓорѓе Андреевиќ Кун. (Општина Ародром)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Беласица и дел од ул. Петричка. (Општина Центар)
· од 09:00 до 11:30 часот, корисниците од дел од бул. Партизански Одреди (во околината на Градежниот факултет). (Општина Центар)
· од 11:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Исаија Маџовски и дел од ул. Воин Драшкоци. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи

Времето денеска, променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни претпладне во источните делови каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 л/м2), силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Претпладне ќе има пороен дожд и грмежи, а попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во петок и сабота во текот на денот ќе има преодно стабилизирање на времето. Во недела и понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневните температури (за 7 до 10 степени).