Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата да биде поодговорна
Договорот за физичка демаркација на границата меѓу Македонија и Косово не прави промена на границата, туку исцртување на граничната линија
Договорот за физичка демаркација на границата меѓу Македонија и Косово не прави промена на границата, туку исцртување на граничната линија врз основа на Договорот од 2001 година.Ова го тврдат од владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ и и порачуваат на опозицијата поодговорно да се однесува околу прашањата од национален интерес.„Морам да истакнам дека сме загрижени околу неодговорното однесување на опозицијата, но очекуваме дека ќе ја надминат нивната потреба за добивање на некој дневнополитички поен врз основа на манипулации и веруваме дека ќе покажат одговорност и посветеност кон државните и национални интереси“, изјави пратеникот Оливер Шамбевски, на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.Според него, целата процедура околу ратификувањето на Договорот била транспарентна и отворена за јавноста. Шамбевски не сакаше да ги открие проценките за колкави отстапувања во територијата станува, но наведува дека тие се јасно и писмено дефинирани во Договорот што беше ратификуван во саботата.„Решавањето на ова отворено прашање претставува наша голема придобивка, придонес и обврска од нашите аспирации за целосна интеграција во ЕУ и НАТО-алијансата. Со ова Република Македонија е единствената држава од земјите на поранешна Југославија, а и една од неколкуте на Балканот и Европа која има јасно дефинирани и утврдени гранични линии со своите соседи. Станува збор за балансирање прилагодување согласно географските прилики и катастарските парцели.“, изјави Шамбевски.Во однос на спорот со името како дополнителен услов за добивање на датум за преговори од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека остануваат посветени на процесот и на преговорите што се водат во Обединети нации. Шамбевски ги истакна, како што рече трите позитивни настани кои на Македонија и се случиле во период од 72 часа: позитивниот извештај и препораката на Европската комисија, потоа дополнителните 55 милиони евра преку ИПА фондовите кои ќе бидат наменети за проекти во областа на вработувањето, социјалната инклузија и образованието, како и демаркацијата на границата кон Косово. Според Шамбевски со трите настани државата демонстрира сериозен капацитет за затворање на крупни прашања, као и тоа дека Република Макеоднија ги зацврстила своите позиции на меѓународен план.„Пред се испративме порака до идните потенцијални инвеститори за сериозниот капацитет на нашата земја за решавање на крупни прашања“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ. /крај/кн/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Жерновски со претставка до Судскиот совет за изјавите на Митева за незавршена судска постапка
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, поднесува претставка до Судскиот совет поради изнесните информации од страна на портпаролката на Владата на Мицкоски, Марија Митева, во кои таа јавно соопштува исход од судска постапка која сè уште е во тек, информираат од СДСМ.
„Признавањето како истата поседува информации дека „жалбата против претседателката е одбиена како неоснована“ е крајно сериозно и скандалозно, бидејќи второстепена одлука (од Виш управен суд) сѐ уште не е донесена. Понатаму, преку соопштение, во нов обид да манипулира со јавноста, повторно изнесе податоци поврзани со исходот од сѐ уште незавршената судска постапка, со што направи долнителен прекршок“, вели во својата објава на социјалните мрежи, Жерновски.
Притоа, Жерновски нагласува дека уште поскандалозeн е фактот дека конкретната судска постапка воопшто и не се води против Владата, туку против Претседателот на државата.
„Прашањето е едноставно, како портпарол на Владата располага со информации за тековен судски процес во кој не се јавува како странка во постапка? Како истата располага со информации дека воопшто е донесена првостепена одлука, дека има жалба и дека истата е неоснована, во услови кога воопшто не е донесена второстепена одлука? Ова не се „гласини кои кружат во јавноста“. Тоа може да биде единствено информација добиена директно од самиот суд“, вели Жерновски.
Тој додаде дека на овој начин се потврдува влијанието и недозволивото мешање на извршната во судската власт, спротивно на уставните принципи на владеење на правото и поделба на власта.
Поради сериозноста на ситуацијата, поднесувам претставка до Судскиот совет. Политичка и судска одговорност за овој скандал мора да има. И ќе има“, посочи Жерновски.
Македонија
Андоновски на средба со амбасадорката на САД, Варнс: Потврдена соработката со САД во делот на сајбер-заштитата
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, оствари средба со Никол Варнс, вршителка на должноста амбасадорка на Соединетите Американски Држави, на која беше потврдена силната стратешка соработка меѓу двете земји.
Андоновски изрази благодарност до амбасадорката Варнс за континуираната поддршка од САД во процесите на модернизација на институциите и јакнење на сајбер-безбедноста.
Тој истакна дека стратешкиот дијалог претставува основа за унапредување на економската, трговската и стратешката соработка меѓу двете држави, при што сајбер-безбедноста и дигитализацијата се меѓу клучните столбови на овој дијалог.
“Министерството за дигитална трансформација продолжува да гради партнерства и да работи на зајакнување на националните капацитети за сајбер-заштита, преку соработка со меѓународни партнери и размена на добри практики“.
Македонија
Почна изградбата на водовод и атмосферска канализација во Ласкарце – инвестиција од 85 милиони денари
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска присуствуваше на почетокот на изградбата на водоводната мрежа и атмосферската канализација за жителите на селото Ласкарце во општина Сарај.
„Правиме пресврт во начинот на кој ја третираме состојбата на терен. Целта е трајно да ги решиме инфраструктурните проблеми“, изјави Хоџа.
Инвестицијата во Ласкарце за изградба на водоводната мрежа и атмосферската канализација изнесува 85 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање, и претставува дел од поширок пакет проекти со кои систематски се решаваат долгогодишните проблеми на граѓаните во општина Сарај.
Наскоро ќе започне и уредувањето на Сува Река, со што ќе се обезбеди трајно решение за намалување на ризикот од поплави во населените места на оваа општина.

