Македонија
Најавен нов процес против Спаска Митрова
Нов судски процес против Спаска Митрова закажан е за 3 ноември во Основниот суд во Гевгелија.
Нов судски процес против Спаска Митрова закажан е за 3 ноември во Основниот суд во Гевгелија.
Ова во вторникот го потврди лично Спаска Митрева во интервју за бугарската агенција Фокус.
Митрова на 8 октомври беше ослободена од скопскиот затвор „Идризово“, каде што одлежуваше тримесечна затворска казна, бидејќи не му дозволувала на бившиот сопруг да се гледа со нивната двегодишна ќерка.
Митрова за Фокус изјави дека новиот процес е закажан, бидејќи нејзиниот поранешен маж и Социјалниот центар сакале таа да остане и натаму во затвор.
Таа се пожали дека не и било дозволено по излегувањето од затвор да ја види ќерката Сузана, за која преку телевизија разбрала дека е кај татко и.
„Усно, но и писмено се обратив до надлежните институции, до Министерството за труд и социјала и до организациите кои се занимаваат со човекови права, бидејќи Сузана треба да ми припадне мене“, изјави Митрова.
„Но, до ден денешен немам никаков одговор, ниту усмен, ниту писмен. Немам никаков документ за тоа зошто ми е одземена Сузана и зошто не ми е вратена. Надлежните молчат и си ја префрлаат топката од една на друга страна“, се жали Митрова. /крај/фокус/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

