Македонија
Возачот на Тоше осуден на две години затвор
Ѓорѓи Ѓеорѓиевски, возачот на“туарегот” во кој при судар кај Нова Градишка трагично загина македонската поп-икона Тоше Проески
Ѓорѓи Ѓеорѓиевски, возачот на“туарегот” во кој при судар кај Нова Градишка трагично загина македонската поп-икона Тоше Проески, денеска беше осуден на затворска казна од две години.
Судијката Оливера Шундаровска ја прочита пресудата со која возачот Ѓорѓи Ѓеоргиевски се казнува поради тешки дела по безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Ваквата одлука судот ја донел земајќи ги во предвид сите олеснителни околности за возачот Ѓорѓиевски, но поради тежината на делото казната затвор била неизбежна.
На последното рочиште што започна во среда напладне обвинителството и одбраната ги кажаа своите последни зборови.
Во своето обраќање обвинителството заклучи дека Ѓорѓевски во моментот на несреќата на 16 октомври 2007 години, возел со 152 километри на час, што било спротивно со ограничената брзина. Во услови на намалена видливост и неприлагодена брзина на коловозот Ѓорѓиевски задоцнето го почнал претекнувањето што било главната причина за стравичниот удар. Обвинителството побара Ѓорѓиевски да биде казнет поради небрежност.
Одбраната на Ѓорѓиевски пак, повторно посочи на контрадикторноста во вештачењето на “туарегот”, и укажа дека голем пропуст е што во целиот судски процес не се појавил возачот на камионот, кој не само што бил сведок, туку бил и втор учесник во несреќата.
Порано во текот на судскиот процес одбраната побара од судот да се земе во предвид и нарушената психичка состојба на Ѓорѓевски, како и ненадоместливата штета што му била нанесена со загубата на неговиот најдобар другар.После читањето на пресудата, одбраната на Ѓеорѓиевски рече дека истата ќе ја обжали пред Апелациониот суд, а осудениот со солзи во очите кусо прокоментира “И покрај се Тоше си е Тоше”.
Судскиот процес за сообраќајната несреќа во која трагично загина Тоше Проески започна минатиот ноември, а семејството на Тоше се откажа од била каква материјална надомест за претрпената штета./крај/вм/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните: Во Собранието се одржа јавна расправа
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните
Во Собранието се одржа јавна расправа по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на успешност на тема: ,,Можност за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор”.
Настанот го отвори координаторката на Клубот на младински прашања и политики, Драгана Бојковска, која истакна дека мора да се биде во тек со современите држави кои ги користат ВИ алатките, и во тој контекст информира дека во работата на Собранието е вклучена вештачката интелигенција.
Советникот во ДЗР, Сашо Јаковчевски, кој го презентираше Извештајот, рече дека е потребна сеопфатна дигитална инфраструктура бидејќи имаме растечка база на знаење која може да се вклучи во спроведувањето на вештачката интелигенција во јавниот сектор.
Според државниот ревизор Максим Ацевски, институцијата е лидер по примената на дигитализацијата бидејќи посетеноста на веб-страницата за кусо време пораснала за 6,34 проценти.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посочи дека Министерството веќе има проекти со кој се очекува да се спроведе вештачката интелигенција во јавниот сектор, која треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните.
Учесниците во јавната расправа посочија дека без правна регулатива може да направи повеќе штета отколку корист. Затоа е потребна национална стратегија, заштита на личните податоци, институционален капацитет и правна заштита.
Македонија
Утре со врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни, на повисоките места дожд и снег
Времето утре, ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег.
Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а во четврток ноќта и во петок ќе има нови пообилни врнежи. Утре ќе дува засилен повремено силен јужен ветер кој во попладневните часови ќе го смени правецот во северен и ќе продолжи да дува и во среда.
Македонија
Полицајци спасија жител на Македонска Каменица кој останал заглавен на тераса во пожар во неговата куќа
Полициски службеници спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа, соопшти МВР.
Вчера попладне во 13:23 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица настанал пожар во куќа, сопственост на Љ.Ѓ.(80).
Полициски службеници од СВР Штип – Полициско одделение Македонска Каменица излегле на местото и го затекнале сопственикот заглавен на тераса на вториот кат, по што се преземени мерки и со помош на скали безбедно го спуштиле.
Нему му е укажана помош во Клиничка болница Штип поради вдишување чад, по што е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.
Пожарот е изгаснат од Територијалната протипожарната едница Македонска Каменица. Увид е извршен.

