Македонија
Груевски: Договор за името не се постигнува со блокади и ембарга
Договор за името не се постигнува со блокади или ембарга, напротив, тоа само ги продлабочува проблемите и прави штети на двете страни.
Договор за името не се постигнува со блокади или ембарга, напротив, тоа само ги продлабочува проблемите и прави штети на двете страни.
Ова денеска го изјави премиерот Никола Груевски во своето обраќање во Македонската опера и балет, по повод централната прослава за одбележување на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
„Посветени сме на процесот за изнаоѓање прифатливо решение со Грција за спорот околу нашето име, кој ни е наметнат.Бараме меѓусебно почитување. И порачуваме дека времето на меѓусебни блокади мора да престане. Впрочем секој кој повикува на нови блокади, добро е претходно да ги погледа резултатите од претходните блокади. Блокадите досега ништо не променија“, порача Груевски.
Честитајќи го празникот на сите граѓани во државата, премиерот порача дека симболот на организираното македонско револуционерно движење одигрува клучна улога во борбата за национално признавање на македонскиот народ и неговото државно правно конституирање.
„Денеска, откако слободата и независноста е достигната, борбата продолжува. Но, тоа е борба за посилна држава, за побогата држава, за поквалитетен живот на сите граѓани, за продлабочување на мирот и стабилноста, за посилна внатрешна кохезија, за евроатлантски интеграции“, додаде Груевски./крај/со/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Времето денеска облачно со дожд и снег
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од 0 до 5 степени, а максималните од 3 до 12 степени.
Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и во северните делови ќе преминуваат во снег и на пониските места.
Во Скопје претежно облачно со повремен слаб дожд, а во текот на ноќта од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Македонија
Градот Скопје организира вонредно чистење на Шуто Оризари: „Курто Дудуш си направил приватна депонија“
Градот Скопје од вечерва организира вонредна акција за чистење и дезинфекција на општина Шуто Оризари.
Oд тука појаснуваат дека акцијата е со цел спречување на ширење на зарази и загрозување на животната средина на жителите на општината, а Градот за состојбата го обвинува градоначалникот Курто Дудуш.
„Екоцидот кој во моментов се случува во општина Шуто Оризари е резултат на криминогеното и неодговорно однесување на градоначалникот Курто Дудуш. Имено, Дудуш си поставил свои приватни контејнери на општинските улици, а на граѓаните им наплаќа за чистење на отпад на парагон блокче за што се располага со соодветни докази. Потоа, иако знаел дека е незаконски, отпадот го складирал на свој имот односно приватна парцела во негова лична сопственост со која си склучил договор и ја дал под закуп на општината. Отпадот кој го собирал спротивно на закон и си наплаќал за истото, потоа наместо да го одложи во единствената акредитирана депонија “Дрисла” тој со истиот си направил приватна депонија. За ова веќе се утврдени соодветни противзаконски дела, составени се записници и поднесена е пријава“, велат од Град Скопје.
До надлежните органи апелираат итно да ги преземат сите соодветни мерки за санкционирање на Курто Дудуш, а градот Скопје стои на располагање за дополнителни појаснувања и достава на сите докази со кои располага за утврдениор екоцид во режија на Дудуш.
Македонија
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Меџити
Со три гласа „за“, 64 против и без воздржани, Собранието ја отфрли интерпелацијата за првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.
Интерпелацијата беше поднесена од Европскиот фронт поради, како што беше посочено, неговата неспособност да управува со ситуации кои придонеле за влошување на меѓуетничките односи.
Меџити, пак, рече интерпелацијата не поврзана со албанскиот јазик или балансерот, туку со желбата на ДУИ да се врати на власт, и и’ порача дека треба да се реформира.
Интерпелации се поднесени и за вицепремиерот Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик, Астрит Исени.