Македонија
Иницијаторите за Меморијалниот комплекс кај Битола
Заради сеќавање на жртвите од грчкиот геноцид врз македонскиот народ и насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни ќе се гради Меморијален комплекс
Заради сеќавање на жртвите од грчкиот геноцид врз македонскиот народ и насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни, министерството за транспорт и врски определи локација во атарот на Битола за изградба на Меморијален комплекс.Ова денеска го соопштија иницијаторите на проектот Здружението на Сетинци и Попадинци од Лерин во Република Македонија и Сојузот на Македонците од Егејот „МАКЕДОН“ изјавуваат: „Меморијалниот комплекс не го финансира Владата ниту општина Битола. Неговата изградба ќе биде од приватни и јавни фондови од земјата и странство, од Македонците во целиот свет“, наведуваат двете организации.„Комплексот не е провокација према некого, туку е инициран во јубилејна година: 60 години од крајот на Граѓанската војна во Грција, како продолжение на Втората светска војна“, соопштија Здружението и Сојузот.„Меморијалниот комплекс не е спомен костурница на местото на настанот, бидејќи битките и прогонствата беа низ целата територија на Егејскиот дел на Макеоднија, туку во спомен на грчкиот геноцид врз македонскиот народ, и затоа не е спорна неговата локација, бидејќи не е замислен како месен туку како национален паметник“.Советот на општина Битола кон крајот на септември донесе Одлука за утврдување на нацрт план на урбанистички план за изградба на споменичен комплекс со придружни објекти на дел во Лажец, крај магистралниот пат Битола – Меџитлија./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.