Македонија
Друцас – Името мора да се реши пред преговори со ЕУ

Македонија нема да добие датум за почеток на претпристапните преговори со ЕУ се додека не биде решен спорот за името. Ова во средата преку интервју за Ројтерс го порача грчкиот министер, Димитрис Друцас, кој го дели ресорот за надворешни работи со премиерот Јоргос Папандреу.
Македонија нема да добие датум за почеток на претпристапните преговори со ЕУ се додека не биде решен спорот за името.Ова во средата преку интервју за Ројтерс го порача грчкиот министер, Димитрис Друцас, кој го дели ресорот за надворешни работи со премиерот Јоргос Папандреу.„Прашањето за името мора да се реши пред воопшто да размислуваме за отворање на преговори за пристапување со Скопје“, изјави грчкиот министер.„Ова е јасна и стриктна позиција, за која говори Грција“, рече Друцас.„Ние ја нарекуваме национална црвена линија“, додаде тој.Во интервјуто Друцас освен на Македонија се осврнал и на спорот со Турција говорејќи дека Грција сака да ги поправи односите со своите соседи.- Анкара мора да ги остави кипарските Турци да преговараат без притисок. Ве замолувам да ги оставите овие две заедници слободно да разговараат за својата иднина и заеднички интереси-рече Друцас.Тој нагласи дека притисокот што Анкара го врши врз лидерот на кипарските Турци Мехмет Али негативно влијае на изнаоѓањето на конструктивно решение./крај/хн/р/вм/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно, ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува засилен, наместа силен западен ветер (над 70км/ч) во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе биде нестабилно, краткотрајно во форма на невреме со засилен до силен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
В сабота во западните делови ќе има повремен дожд. Ќе дува северен ветер, кој ќе продолжи и в недела и ќе услови опаѓање на дневната температура. Потоа времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневната температура.
Македонија
(Видео) Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“

Состојбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ попладнево значително се влоши поради силниот ветер, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.
„Јачината на ветрот постепено се зголемуваше и ни предизвика голема непријатност затоа што пожарот се движеше со исклучително голема брзина горејќи ги боровите стебла, создавајќи висока температура и многу густ и црн чад што удираше на гребенот. Нашата цел беше да го одбраниме гребенот и да не му дозволиме на овој пожар да прескокне преку гребенот од страната на селото Брезница, односно од скопска страна. Во тоа успеавме по неколку жестоки битки бидејќи огнот на неколку моменти префрли од другата страна, но благодарение на храброста на вработените во ‘Јасен’, лично овде е и директорот, еден од раководителите, со поддршка од екипа пожарникари од Македонски Брод, успеавме да го запреме по самиот гребен, ги изгаснавме местата на кои огнот префрли од другата страна и ја стабилизиравме ситуацијата“, рече Ангелов.
Пожарот сè уште се движи и создава густ чад што им предизвикува проблеми со дишењето на луѓето на теренот. На помош пристигнуваат пожарникари од Скопје, Велес и Куманово што ќе ги распоредат. Истовремено поддршка стигна и од вработените од Општината Сопиште кои цело време вршат дотур на вода, покрај другите активности. Тука се и припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) на МВР.
Македонија
Министерството за здравство формира независна меѓународна комисија по изјавата на Кедев за непотребни кардиолошки интервенции

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави формирање комисија со експерти од три различни земји за проверка на работењето во приватните здравствени институции, но и продолжување на контролите во јавните здравствени установи кои се занимаваат со истата проблематика. Одлуката следи по изјавата на кардиохирургот, Сашко Кедев, дека во некои приватни болници се вршат непотребни интервенции со цел профит, вклучувајќи и стентирања и операции.
Алиу рече дека комисијата ќе биде независна и дека извештајот ќе служи како патоказ за понатамошни мерки. Од наредниот месец, приватните здравствени установи ќе мора да ги отворат базите со информации за кардиолошки интервенции, со цел Министерството да ги агрегира податоците и да има увид во здравствените патеки на граѓаните.
Министерот потврди дека има база со информации од 2019 до 2025 година за кардиолошки интервенции во јавните и приватните установи и дека ќе се сретне со д-р Кедев за понатамошна соработка. Фондот за здравствено осигурување, пак, ги следи сите прашања за квалитетот и законитоста на услугите, но оценката на медицинската оправданост останува надлежност на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и специјалните комисии формирани од министерот.